Проблемот со паркинг местата на клинички „главоболка“ за граѓаните

Четириесет минути до час. Толку време за да најдат паркинг на Клинички потрошиле дел од граѓаните што морале да отидат на преглед во некоја од Клиниките. 

„Катастрофа!“, со овој збор пред камерата на Канал 5 најголем дел од нив ја објаснуваат состојбата со паркингот.

Во меѓувреме, договорот со кој Владата го даде на стопанусување овој паркинг на ЈП „Градски паркинг“ во време кога градоначалник беше Коце Трајановски, веќе е истечен, а Службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар побарала таа да го преземе управувањето. Ваквото барање преку Министерството за здравство е предадено во Владата и сега се чека на владина одлука.

Од Владата потврдуваат дека го добиле барањето, од таму пак, бараат од Службата за заеднички работи, Министерството за здравство и Министерството за транспорт да подготват да дадат соодветен усогласен предлог за надминување на проблемот.

Од Кабинетот на Министерот за здравство пак за Канал 5 велат дека за решенија веќе имаат подготвена физибилити студија од време кога со Министерствотото раководел Венко Филипче. Потврдуваат дека ќе се градат монтажни гаражи, а велат дека не се исклучува можноста со паркингот да управува приватна фирма, како порано.

Паркираните возила на среде улица или зелена површина само го потврдуваат проблемот паркингот. Надлежните велат дека ќе го решат, но останува отворено прашањето дали со инвестирањето во стариот, властите полека но сигурно се откажуваат од идејата за изградба на нов клинички.

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. 

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР известуваат дека следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

притисни ентер