Вака изгледа сунѓерчето за нанесување шминка после неколку употреби(видео)

Ја уништува кожата без да бидеме свесни за тоа 

Вака изгледа сунѓерчето за нанесување шминка после неколку употреби:

Шминката игра важна улога во животот на повеќето жени, и согласно тоа, речиси не постои жена која не користи шминка. Порано пудрата ја нанесувавме со раце во неколку потези, но новите трендови за разубавување секојдневно нудат нови производи и додатоци кои би го олесниле шминкањето. Еден од нив е и сунѓерчето, познато како „бјути блендер“ со кое се нанесува подлога за шминкање, пудра, коректор и контури. Тоа има сунѓереста структура и облик на јајце, и во продавниците може да се најде во широк спектар на бои.

Но, факт е дека овој сунѓер содржи и многу бактерии.

Видеото објавено на Тикток од Памела Педроза го потврди тоа. Памела зела примерок користејќи стапче за уши од површината на ова сунѓерче, а потоа го ставила под микроскоп.

Многу дами ги згрози сознанието дека овој прибор за шминкање соджри многу бактерии и признаа дека не посветуваат посебно внимание на неговото чистење. Други додадоа дека воопшто нема да користат шминка или барем ќе ја сведат на минимум.

@pamelapedrozaa Testing how much bacteria is on my beauty sponge #bacteria #beautysponge ♬ original sound - BRAND OF SACRIFICE

Некои од корисниците им порачаа на сите дека мора да го перат сунѓерчето по секоја употреба, додека други нагласија дека тоа го прават често, еднаш или барем двапати неделно.

Колку и да е заштитена шминката од прашина, факт е дека ваквите работи собираат бактерии и микроорганизми, а особено кога шминката ќе дојде во допир со кожата, на која исто така се задржува прашина и пот, кои не се видливи за окото. За да се избегнат ваквите ситуации, потребно е редовно да се чисти и дезинфицира шминката, а додатоците, како сунѓерчиња и четки, редовно да се мијат. За тоа доволно е сапун и топла вода.

Шмит: Силна економија е можна само со социјална заштита и работнички права

Првомајска порака на еврокомесарот Шмит.

На 1 мај кога го славиме Меѓународниот ден на трудот, размислуваме за напредокот што ЕУ го постигна во текот на изминатата година во унапредувањето на правата и можностите на работниците во Европа, наведува еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит во пораката по повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.

- Европската година на вештини поттикна револуција во вештините, привлекувајќи го вниманието на креаторите на политики, компаниите и поединците кон важноста од континуирана обука за да се задоволат потребите на пазарот на трудот во ЕУ кој е во развој. Преку иницијативи. како Пактот за вештини, кој обезбеди обука за 3,5 милиони работници само во 2022-2023 година, градиме партнерства за инвестирање во работната сила за иднината. Како што Европската година на вештини официјално го се приближува до својот крај, мораме да го задржиме вниманието на вештините, наведува Шмит.

Еврокмесарот натаму се осврнува на новите правила на ЕУ со кои се отвора простор за подобрување на работните услови, заштита на работничките права, гарантирањето на социјалната заштита или можносите за стажирање на младите.

- Земјите членки бележат напредок во спроведувањето на Директивата за соодветни минимални плати, чиј краен рок за имплементација е ноември оваа година, наведува Шмит, потсетувајќи дека ЕК започна и косултација со социјалните партнери за регулирање на онлајн работењето, со цел да се обезбеди рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот и да се гарантира заштита на менталната и физичката благосостојба на работниците.

Шмит натаму во пораката потенцира дека клучна карактеристика на европската социјална пазарна економија е социјалниот дијалог, во чии рамки е ревидирана директивата на Европскиот совет за работа со што се зголемува улогата на работниците во процесот на консултации за значајни одлуки и е изработен Акциски за справување со недостигот на работна сила и стручно оспособени работници.

- Силна, флексибилна и конкурентна економија е можна само кога е придружена со силна социјална заштита и вклученост. Во текот на изминатите пет години, за време на мандатот на оваа Комисија, ние систематски ги вклучивме работничките права, правичноста и социјалната димензија во сите политики на ЕУ. Иако останува да се направи уште повеќе, можеме да бидеме горди на напредокот што го постигнавме. На сите Ви посакувам се најдобро на овој Ден на трудот, додава Шмит во пораката по повод 1 Мај. /МИА

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт денеска на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада.

Според неа, без воспоставување на ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Во продолжение, целосниот говор:

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Денеска ви ја претставуваме една од заложбите на политичката програма „Европа 2030“ на Европскиот фронт, спроведување на процесот на проверка за сите носители на политички функции и носители на големи одговорности во областа на судството и борбата против криминалот и корупцијата.

Без воспоставување на ефикасен механизам и објективен скенер на чистотата на личностите кои преземаат јавна одговорност, како што е проверката, не може да се постигне оптимален напредок во борбата против криминалот и корупцијата.

Владеењето на правото, правдата и доброто владеење гарантираат еднаква лојалност и одговорност за секој граѓанин пред законот. Борбата против корупцијата и организираниот криминал ќе продолжи да биде бескомпромисна, со нулта толеранција, но овојпат засилена со точноста на системот за проверка во законодавната, извршната, судската, обвинителството и секоја друга функција во централно и локално ниво, за именувани или избрани лица.

Ветингот ќе овозможи поголема транспарентност на богатството на кандидатите кои сакаат да преземат јавна одговорност и како се постигнува тоа богатство. Ова објективно следење ќе биде поттик за сите и можност за чесни човечки капацитети да излезат на површина за да им служат на потребите на луѓето.

Ветингот за корупција е неопходна категорија која еднаш засекогаш ќе ја затвори вратата за поединци кои го ставаат личниот интерес над општото.

Европскиот фронт за првпат инсистира и на примена на проверка на руското влијание и антидржавните служби за да се елиминира ризикот од дестабилизација и дезориентација на земјата од евро-американската ориентација.

Донесувањето на посебен закон за ветинг ќе биде најсилниот одговор против секоја тенденција за манипулација и злоупотреба на јавната положба.

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени

​Денес работничките права се прекршени и погазени. Државата многу малку води грижа за тие кои создаваат и се р'бетот на нашата економија.

За мобингот врз работниците многу ретко се зборува, но најголемиот проблем се платите кои ги изеде инфлацијата. Тие не се доволни ниту за половина од потребната потрошувачка кошница.

Проблемите се многубројни, но решенијата мора да ги носиме заедно и одлучно. Првиот чекор се промените кои мора да се случат, и тие промени се во ваши раце. Заедно да ја направиме Македонија повторно силна, голема и твоја.

Честит 1 мај, меѓународен ден на трудот!

притисни ентер