10 годишното дете во стабилна состојба

10 годишното дете кое вчера околу 19 часот беше удрено од возило во движење на улицата “Борис Сарафов” во скопската населба Ѓорче Петров е во стабилна здравствена состојба, но има скршеница на главата и тежок потрес на мозокот информираат од Клиниката за неврохирургија.

Од таму велат дека детето е свесно и контактибилно, и дека нема потреба од оперативен зафат врз него.

Оваа трагедија предизвика лавина реакции од граѓаните. Жителите на Ѓорче Петров револтирани, велат дека низ улиците се вози многу брзо, бараат зголемено полициско обезбедување и поставување на повеќе семафори.

Вчера по несреќата жителите на населбата во знак на револт поради брзото возење на улиците, пред основното училиште “Мирче Ацев” ги превртеа контејнерите и го блокираа сообраќајот. Протести се најавени и за денеска, во попладневните часови.

Обвинувања до локалните власти за несреќата пристигнаа и од политичката партија ВМРО ДПМНЕ.

Од Град Скопје и општина Ѓорче Петров соопштија дека на критичното место ќе биде поставен семафор. Преку соопштение градоначалникот Александар Наумоски изрази жалење за незгодата. Повика на совесност кај возачите кои сообраќаат по таа улица, но и на разумност кај родителите и смирување на тензиите поврзани со овој настан.



Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија

Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии.

„Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој ги повика граѓаните и сите прогресивни сили во земјата, кога ќе излезат на гласање на 8-ми мај да имаат предвид дека преголема моќ за десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ ќе претставува сериозна закана за иднината на земјата.

„Ако десничарска партија како ВМРО добие таква моќ, со сите државни ресурси на располагање, може да се соочиме со крајот на нашата европска перспектива. ВМРО ќе ја одложува евроинтеграцијата до недоглед како што тоа го правеше Груевски. Затоа, во среда, една недела од денеска, сме исправени пред уште една голема одлука – дали ќе го дадеме нашиот глас за да одиме напред, во европска иднина, или ќе гласаме за да се вратиме назад и да го вратиме режимот кој нѐ гушеше 11 години“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ им порача на граѓаните дека ова се исклучително важни избори за европската иднина на државата.

„Гласот ЗА е глас за сигурна, безбедна и европска иднина на Македонија. Гласот ЗА е глас за инвестиции во иднината на земјата, не за жални врби, стиропор и фонтани. Со гласот ЗА ќе обезбедиме подобри услови за живот тука, во Македонија, за нашите деца, внуци и идните генерации да си останат дома и тука да си ја бараат среќата. Друга татковина ние немаме“, рече Ковачевски.

Кинескиот носач на авиони „Фуџиан“ ги започна своите први поморски испитувања

Третиот кинески носач на авиони „Фуџиан“ утринава ги започна своите први поморски испитувања.

Бродот го напушти бродоградилиштето во Шангај околу 8 часот наутро. Поморските испитувања првенствено ќе ја тестираат доверливоста и стабилноста на погонските и електричните системи на носачот на авиони.

Од неговото лансирање во јуни 2022 година, „Фуџиан“ ги заврши пробите за прицврстување, местење и прилагодувања на опремата. Според кинеската агенција, тој ги исполни техничките услови за почеток на поморски испитувања. /МИА

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

-При претрес во домот каде престојувал осомничениот 36-годишник во Скопје била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 56,40 грама и 15 семки кои потекнуваат од растение кое припаѓа на растителниот род канабис, еден шприц со остатоци од хашиш смола, едно полиетиленско пакување со наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 10,40 грама, пет полиетиленски пакувања со психотропна супстанца – амфетамин со вкупна нето маса од 5,13 грама и едно полиетиленско пакување со психотропна супстанца MDMA со вкупна нето маса од 0,45 грама. Дрогата и психотропните супстанции зедно со три дигитални ваги биле пронајдени и одземени од овластени службени лица, соопшти Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

притисни ентер