Тие ја завршиле пандемиската година со повеќе од двојно поголема добивка по оданочувањето, од 3,14 милијарди долари. Во 2019 година тоа изнесувало 1,23 милијарди долари.
Нивните приходи пораснале за девет проценти, на 26,62 милијарди долари.
Најмногу скокнале приходите од продажба на лекови за онкологија, за 25 проценти, на 10,85 милијарди долари. Продажбата на биофармацевтски производи исто така пораснале, за три проценти, на 7,10 милијарди долари.
Приходите од продажба на имунолошки и респираторни лекови паднале за еден процент, на 5,36 милијарди долари.
"AstraZeneca постигна силни резултати во (2020) година според упатствата што беа реафирмирани во текот на годината. Повеќе од половина од приходите беа генерирани од брзо растечките нови лекови", соопшти компанијата.
Фокусот на јавноста е насочен кон вакцината против „ковид-19“ на „АстраЗенека“, која, според проценките објавени минатата недела, на компанијата треба да и донесе приход од 15 милијарди долари во 2021 година.
„(Вакцината) е препорачана или одобрена во повеќе од 50 земји, што значи дека веќе помагаме во промената на текот на пандемијата“, рече извршниот директор Паскал Сориот во видео порака.
Оваа година, нивната заработка треба да порасне од 11 до 13 проценти, а основната заработка по акција од 18 до 24 проценти, на 4,75 до 5,00 долари.
AstraZeneca забележува дека нивната прогноза не ја вклучува вакцината против ковид, што ќе биде објавено во посебен извештај, одделен од резултатите за првиот квартал од оваа година. Тие ветиле дека нема да заработуваат на вакцината се додека не заврши пандемијата.