Бизарно: Дала отказ за да го дои своето момче секој два часа

Џенифер Мулфорд од Атланта дала отказ за да има време на секој два часа да го дои своето момче Бред Лисон (36).

Необичната Американка го предизвика бесот на јавноста, но таа со својот избраник ужива, во како што изјави, нивната блискост.

Џенифер изјавува дека отсекогаш сакала да има врска во која ќе го дои своето момче откако прочитала дека доењето кај возрасните може да предизвика извонредна врска меѓу двајца луѓе.

Необичната Американка признала дека посетувала разни сајтови за запознавање за да го најде партнерот кој ќе го сака истото, но таа во меѓувреме оваа идеја му ја спомнала и на своето поранешно момче од средношколските денови, Бред.

„Можам да речам дека по неговиот глас почувствував дека беше возбуден и љубопитен. Во тој момент знаев дека го најдов партнерот за цел живот. Двајцата ја сакавме истата работа во нашата врска – магична врска која само со доење може да се постигне“ – изјави Џенифер, која веќе има ќерка од 20 години, прво морала да му даде на Бред да цица на “суво“ секој два часа за да го поттикне лачењето на млеко и да го излаже своето тело дека има бебе.

„Дадов отказ за да направам ова да успее“ – истакна таа и додаде дека навечер користи пумпа за дојка.

Мулфорд зема билни апчиња и во својата исхрана го додала семето од лен, бидејќи мисли дека му дава квалитет на млекото.

Бред изјави дека е возбуден поради здравствените предност кај доењето бидејќи е љубител на теретаната. Тие изјавуваат дека такво нешто не би направиле во јавност бидејќи тоа е многу приватен дел од нивниот живот.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер