ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови

 Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали

Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, бидејќи може да направат брана и да се илее водата од нив.

Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината. Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

Амбасадорот на САД во ОН најави дека санкциите против Додик ќе продолжат

Амбасадорот на САД во Обединетите нации (ОН) Роберт Вуд најави дека ќе продолжат санкциите против претседателот на Република Српска, Милорад Додик и оние кои, како што рече, му ги овозможиле неговите „антидејтонски и коруптивни акции“.

„Неговите опасни дејствија и сецесионистичка реторика ги загрозуваат мирот и стабилноста во регионот. Санкциите против Додик и оние кои ги овозможија неговите антидејтонски и коруптивни акции ќе продолжат и во иднина“, рече Вуд на седницата на Советот за безбедност на ОН посветена на ситуацијата во Босна и Херцеговина.

Тој оцени дека политичарите кои инсистираат на поделби ги штитат нивните интереси, додавајќи дека РС и Додик се пример за тоа, бидејќи тие ги забрзуваат чекорите кон поткопување на институциите и повикуваат на распаѓање на државата.

„На денешниот состанок ја истакнуваме опасноста од етнонационализам што произлегува од една насока. Русија го злоупотребува Советот за безбедност за свои цели. САД ги повикуваат сите влади да соработуваат и да ги искористат одлуките на ЕУ за да започнат преговорите со Босна и Херцеговина. Сите лидери треба тежнеат кон евроатлантска интеграција“, оцени американскиот амбасадор во ОН.

Тој додаде дека САД се залагаат за избегнување на етнонационални агенди и промовирање на транспарентно владеење.

Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот

СДСМ секогаш била на страната на работниците.

„СДСМ како единствена авентична социјалдемократска партија секогаш била на страната на работниците, а нашите социјалдемократските политики ги заштитија граѓаните и ја спасија земјата од колапс за време на кризите во изминатите години“, изјави претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешниот Првомајски пикник што се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Тој потенцираше дека за време на владеењето на СДСМ значително се унапредиле работничките права и се подобрил животниот стандард на граѓаните.

„СДСМ е партијата која обезбеди повисока минимална плата за работниците и постави методологија за сигурен и континуиран раст што денес резултира со минимална плата од 22.500 денари. Нешто што беше незамисливо до пред само седум години. Незамисливо беше затоа што претходната власт на ДПМНЕ ги третираше и продаваше нашите работници низ светот како евтина работна сила. Верувале или не, со тоа привлекуваа инвестиции“, рече Ковачевски.

Ковачевски потсети дека токму СДСМ е партијата која обезбеди недела да биде неработен ден и ги зголеми пензиите и платите во суштинските сектори како здравство, образование и безбедност. Никого не оставивме сам да се бори со последиците од кризата, водејќи се од принципите на солидарност и правда, истакна Ковачевски.

„Кога ги носевме антикризните мерки, ние решивме да се однесуваме одговорно. Правилно го распределивме ограничениот буџет и ги вративме парите кај граѓаните кога беше најпотребно. Обезбедивме 2,6 милијарди евра за поддршка на граѓаните и стопанството со што го заштитивме животниот стандард и достоинството на граѓаните, но и ги зачувавме работните места.“

Лидерот на СДСМ на сите граѓани на Македонија им го честиташе 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот и најави дека партијата останува верен сојузник и поддржувач на работниците.

Зградата на Еврокомисијата осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок. 

Палатата „Берлемон“ во Брисел во која се наоѓа седиштето на Европската комисија минатата ноќ беше осветлена во чест на 20-годишнината од т.н. големо проширување на ЕУ, кога на 1 мај 2004 година во членство во Унијата беа примени 10 земји од Источна Европа.

- Со проширувањето во 2004 година, ЕУ стана поголем политички, економски и културен ентитет, создавајќи повеќе можности за граѓаните низ нашата Унија, наведе Европската комисија во објава на Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, потенцира дека со одбележувањето на 20 години од зголемувањето на европското семејство, ЕУ слави и две децении единство и напредок.

- Историското проширување во 2004 година донесе нови можности и поголем просперитет за граѓаните низ нашата Унија, објави Фон дер Лајен на Икс.

Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел пак оцени дека со проширувањето во 2004 година го означи и повторното обединување на поделениот континент.

На 1 мај 2004 година во членство во ЕУ беа примени Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка, со што Унијата од дотогашните 15 се зголеми на 25 члена, поради што приемот на овие 10 членки уште се нарекува и големо проширување. /МИА

притисни ентер