Емил Димитриев: Фабриката „Кранфилд фаундри" во Пробиштип е отворена со договор со претходната Влада

ваа инвестиција во Република Македонија дојде уште во 2014 година.

На огромно задоволство на сите жители од Општина Пробиштип денеска сме сведоци на започнување со работа на новата фабрика Кранфилд фаундри. Оваа инвестиција во Република Македонија дојде уште во 2014 година, првиот договор за нејзино инвестирање во нашата држава и во Пробиштип беше со договор со претходната влада во 2015 година.

За да ги охрабриме да ја лоцираат инвестицијата во Пробиштип, претходната влада донесе одлука да изградиме индустриска зона со целокупна инфраструктура, преку владата ја задолживме државната компанија МЕПСО да обезбеди електрична енергија бидејќи типот на инвестицијата бараше огромна количина на електрична енергија.

Преку програмата за рурален развој одобривме средства на општината за водовод и канализација, и на еден начин тоа беше мотивот да помогне оваа инвестиција да се лоцира во Пробиштип во источниот дел на Република Македонија, бидејќи во ситуации кога имате изградено индустриски зони во многу поатрактивни локации беше потешко да се донесе инвеститор во овие наши краишта.

Инвестицијата е околу 20 милиони евра, морам да кажам дека првичните планови беа со навистина поразлични тајминзи. Ако одеше проектот се како што треба и ја имаше потребната поддршка од владата онака како што треба денеска ние требаше да бидеме сведоци на отпочнување со работа на втората линија од оваа фабрика. Првата линија требаше да почне со работа некаде 2018 година и да ги оптимизира оние првично планирани околу 250 вработувања и некаде овој период да биде во средина градбата на втората линија со оптимизирање на над 300 директни вработувања и околу стотина индиректни вработувања.

Во 2016 година кога го ставаме камен темелникот, во тој момент имавме средба и со други потенцијални инвеститори кои што беа заинтересирани да инвестираат во оваа зона, меѓутоа за мое жалење и на жалење на граѓаните од тие инвестиции нема ништо. Мислам дека лошата атмосфера во државата, лошиот начин на комуникација со потенцијалните инвеститори ги одвраќа.

Оваа зона има капацитет и за други компании и мислам дека овој крај има соодветна работна сила за ваков тип на капацитети бидејќи во Пробиштип и регионот има одлични средни училишта со машински и електро смер. Овој крај подолго време работи во областа на металургијата и сметам дека тоа се некои предности на крајот за ги привлече овие инвеститори.

Меѓутоа како и да е добро е што денеска претседателот на владата се надмина и призна дека сепак оваа инвестиција е започната од претходната влада, дека некој се потрудил да дојде оваа инвестиција и мислам дека ова мое задоволство го делеа веќе вработените 60 луѓе и потенцијалните нови вработувања и начин на осигурување на перспективата во овој крај.

Изјава за медиуми на Емил Димитриев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

Ден на македонската дипломатија - 55 години од основањето на МНР

 Во Министерството за надворешни работи денеска се одбележува 55 години од неговото постоење. 

По повод Денот на Министерството за надворешни работи министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе одржи прес-конференција, а вчера дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија со садење дрво пред зградата на МНР и посета на Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година. Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Министерството за надворешни работи ги врши работите што се однесуваат на надворешните работи и надворешната политика на Република Северна Македонија.

Една од најзначајните дипломатски активности на ова Министерство беше претседавањето со ОБСЕ кое ја одбележа изминатата 2023 година кога нашата држава беше домаќин на Самитот на ОБСЕ.

притисни ентер