Хуманоста на дело – по сторијата на Канал 5, Бранко доби стан на користење

Клучот на бравата е почеток на нов живот за Бранко Миленковски.

Денеска денот не го помина во паркот, тој доби дом.

По објавената сторија, се јави скопјанец понуди да му го даде станот на користење на Бранко и неговото семејство, без да плаќа кирија.

Хуманиот човек го запознавме, лично го однесе Бранко до станот, но не сакаше да се снима. Животот е борба денеска сте горе утре доле, раскажа човекот, но не смееме да заборавиме кога некому сме потребни. Бранко вознемирен ги воздржуваше солзите да не заминат кон образите, но денеска од плачни очи од среќа. Не можеше да поверува дека некој што прв пат го гледа во животот му дава станот на користење.

Најсреќен што во најтешките денови во семејството по тешката операција не неговата ќерка ќе и каже дека тој, таа и неговата две годишна внука ќе имаат дом.

Сопственикот на станот договорил и да се вароса и исчисти, а Бранко замоли до хуманите луѓе ако имаат мебел што не го користат да му го дадат за да има каде да седне и преспие во станот.

На контактот 071842373 може да му се јавите. За Бранко ова не е кончено решение. Овој дел од зградите ќе се урнат и ќе се гради нов објект. Тој со молба до надлежните институции да не го заборават. мора да го чека социјалниот стан од државата.

Засега е 23 на листата на чекање за стан. Со Бранко направиме неколку приказни, денеска прв пат се насмеа од срце со вратена надеж дека среќата се вратила во неговиот живот.


ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер