Истражување: Македонија повеќе обезбедува еднаквост на работните места од САД и Шведска

Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска нудат поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка, покажува индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот советот за надворешни односи (ЦФР).

Таа тинк-тенк организација рангираше 189 држави врз основа на неколку фактори за еднаквост на работното место, како што се обезбедување стимулации за жените да се приклучат на пазарот на труд, поддршка на жените во градењето кредитен рејтинг, ,ожноста жените можат да добијат иста работа како и мажите и присуство на заштита од насилство.

Рзултатите, објавени вчера, се пресметуваат од одговорите на 60 прашања за правото и политиката, вклучувајќи ги: Може ли жените да работат исто онолку часови како и мажите?” Дали на мајките им се загарантирани еднакви позиции по породилното отсуство? Дали законот забранува дискриминација од страна на доверителите врз основа на брачниот статус и пристапот до кредит?

Максималниот резултат – со позитивен одговор на сите прашања – е 100, но ниту една земја не го постигна тој резултат. Австралија, која ја предводи листата за еднаквост на работното место оствари 94,9 поени, додека Јемен е на дното, со 24,2 поени.

Македонија се наоѓа на 17. место со 86,6 поени. Од регионот, најдобро пласирана е Босна и Херцеговина со 92,2 поени (6 место), потоа Хрватска со 87,7 поени (15. место), а зад Македонија се Словенија на 33., Албанија на 38., Косоо на 41., Бугарија на 47., Грција на 51. и Србија на 53. место.

Од најдобро рангираните, после Австралија следуваат Канада и Нов Зеланд, а САД се на 20 место, Шведска на 21, Белгија на 23. и Германија на 31 место.

ЦФР предупредува дека често постои разлика помеѓу законите и фактичката состојба во една земја. Сепак, индексот нуди важен одраз на законските права на жените. Тоа покажува дека американското право, на пример, ги поддржува жените што се однесува до пристап до институциите и градењето кредититен рејтинг, но не кога станува збор за еднакво родово вработување, запирање на насилството врз жените и кредибилитетот на жените во суд. Во Норвешка треба да се работи на заштита на жените од родово насилство, а постои целосен недостиг на закони и прописи кои го поддржуваат пристапот на жените до кредит. /МИА

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер