Си Џинпинг беше пречекан на атинскиот аеродром од министерот за надворешни работи Никос Дендијас.
Утре тој ќе се сретне со претседателот Прокопис Павлопулос, кој ја посети Кина минатиот мај,како и со премиерот Киријакос Мицотакис. Си и Мицотакис се запознаа пред неколку дена, на кинескиот меѓународен саем во Шангај.
Си и Мицотакис ќе го посетат пристаништето Пиреја, најголемото грчко пристаниште во сопственост на кинескиот пристанишен оператор Коско. Тоа е најголемата кинеска инвестиција во Грција и Коско неодамна го започна новиот инвестициски план што вклучува изградба на нов карго-терминал.
Си, исто така, ќе присуствува на отворањето на првата филијала на Кинеската Банка во Грција.
Двете земји ќе потпишат низа договори за економска соработка, како и договор за екстрадиција.
Во вторник, Си Џинпинг ќе го посети музејот Акропол, пред да си замине од Атина , пишува Катимерини.