Ковачки: Со изборот на Силјановска Давкова ќе се ја вратиме Македонија на граѓаните

Ветуваа соживот, ветуваа повисок животен стандард, а донесоа сиромаштија, беда, хаос и мрак. Ветуваа едно општество за сите, а за жал после 7 години, никогаш не сме биле по поделени како општество. 

Едноставно, Македонија ни е одземена. Никогаш не било полошо, рече носителот на листата за пратеници на третата изборна единица, Драган Ковачки на митингот во Чашка.

Ковачки истакна дека досегашното делување покажува дека на оваа влада на ДУИ и слугите од СДС, поважни им се тендерите и криминалот, за разлика од тоа како живеат граѓаните и кои се нивните проблеми и ова мора да се промени, затоа овие избори се шансата за промена.

Посочи дека на Социјалдемократскиот сојуз единствено важно им е слугувањето на Али Ахмети, и криминалните бизнис зделки, единствено важно им е удобството кое го уживаат од функциите и милионите кои ги крадат од државата, затоа денеска не само што младите си заминуваат, туку си одат и цели семејства, бидејќи гледаат дека се е корумпирано и не сметаат дека може овде да си ја градат сопствената иднина.

„Затоа времето за казна доаѓа. Најпрво на 24 април, а потоа на 8 мај, имаме шанса и обврска да ги казниме и поразиме. За се што ветија, а излажаа. За се што уништија. За сите навреди и понижувања на македонскиот народ, за сите предавства и лаги. Време е да се обединиме и да им покажеме дека го креваме гласот. Бараме промени и одлучни сме како никогаш до сега“, рече Ковачки.

Пред присутните граѓани, Ковачки истакна дека со изборот на професорката Гордана Силјановска Давкова за претседател и со заокружување на број 2 на гласачките ливчиња, ќе си ја вратиме Македонија назад кај граѓаните.

„Со избор на професорката Гордана Силјановска Давкова и со заокружување на број 2 ќе си ја вратиме Македонија назад кон граѓаните. И ќе работиме напорно и чесно, на реформи и проекти кои ќе ја трансформираат Македонија напред. Ќе се избориме заедно, храбро, достоинствено, затоа што овој народ ако нешто знае тоа е да биде вреден, силен и достоинствен“, истакна Ковачки.

На крај, Ковачки ги повика присутните и сите граѓани да разговараат со секој еден познаник, да ја побараат нивната поддршка да гласа за број 2, затоа што овие избори се историска одлука и шанса за сите нас, се наведува во партиското соопштение.

Јоурова: Владеењето на правото е основа на европската архитектура

„Владеењето на правото е основа на европската архитектура, мора да го заштитиме од негативни трендови “, вели Јоурова.

Владеењето на правото е основното правило во европската архитектура и затоа е важно да имаме детална расправа за состојбата во ЕУ и на просторот на проширување, односно во конкретни земји членки и во државите кои имаат статус на кандидати за членство, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија задолжена за вредности и транспарентност, Вера Јоурова.

- Со години приоритет на Европската комисија е да направиме повеќе за заштита на владеењето на правото како основен принцип и да го одбраниме од разни видови на негативни трендови, потенцира Јоурова пред почетокот на неформалниот Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) на кои главни теми се проширувањето, владеењето на правото и зајакнувањето на Унијата.

Таа нагласи дека врз основа на извештаите за владеењето на правото во Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора на заседанието ќе може да се направи споредба на системите на овие четири земји кандидати за членство со оние на членките на ЕУ.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

Таткото на Мбапе: Не е важно дали Килијан ќе учествува на Олимпијадата

Во Франција продолжуваат полемиките дали фудбалската ѕвезда на оваа земја, Килијан Мбапе ќе учествува на Олимписките игри во тимот на „триколорите“ предводен од селекторот Тиери Анри.

Евентуалниот иден клуб на Мбапе, Реал Мадрид веќе најави дека нема да ги пушти своите играчи за Олимпијадата, ниту пак е обврзан.

- Дали Калијан ќе биде таму или не, не е важно. Она што е важно е дека Олимпијадата е во Франција и дека целиот свет ќе ги гледа, а не дали ќе играат Мпабе и Вембањама. Не знам што ќе се случи, има кој да одлучи за тоа. Но, што и да се случи, Килијан е среќен бидејќи Игрите ќе бидат во Франција, изјави таткото на фудбалерот Вилфрид за „Радио Франс“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт на земјата Амели Оудеа-Кастера веќе го повикаа Мбапе да игра за францускиот национален тим.

Казни за 133 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 133 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер