Во тоа време, Аунг Сан Су Кји беше дисидент и лично не можеше да ја прими наградата за човекови права „Кванџу“, бидејќи беше во домашен притвор, одреден од страна на воената хунта.
Подоцна, нејзината партија дојде на власт и таа стана лидер на Мјанмар.
Сега е критикувана поради тоа што одбива да го осуди насилството против рохинџите.
Од 2017 година повеќе од 720.000 муслимани Рохинџи избегаа од Мјанмар поради нападите од воените и будистичките полиции. Обединетите нации таа криза ја окарактеризираа како геноцид.
– Нејзината рамнодушност кон нападите со кои се соочуваат Рохинџите е спротивна на вредностите за кои се дава оваа награда, спротивна со заштитата и унапредувањето на човековите права, изјави портпаролката на Фондацијата на меморијалот од 18 мај. Затоа, управниот одбор на организацијата одлучи да и ја одземе наградата на Аунг Сан Су Чи, се наведува во соопштението од Фондацијата.
Фондацијата е основана во 1994 година во знак на сеќавање на Демократското востание во Кванџу во 1980 година против тогашната воена диктатура уништена од јужнокорејската војска.