На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

Јоурова: Владеењето на правото е основа на европската архитектура

„Владеењето на правото е основа на европската архитектура, мора да го заштитиме од негативни трендови “, вели Јоурова.

Владеењето на правото е основното правило во европската архитектура и затоа е важно да имаме детална расправа за состојбата во ЕУ и на просторот на проширување, односно во конкретни земји членки и во државите кои имаат статус на кандидати за членство, изјави денеска потпретседателката на Европската комисија задолжена за вредности и транспарентност, Вера Јоурова.

- Со години приоритет на Европската комисија е да направиме повеќе за заштита на владеењето на правото како основен принцип и да го одбраниме од разни видови на негативни трендови, потенцира Јоурова пред почетокот на неформалниот Совет за општи работи на ЕУ (ГАК) на кои главни теми се проширувањето, владеењето на правото и зајакнувањето на Унијата.

Таа нагласи дека врз основа на извештаите за владеењето на правото во Албанија, Македонија, Србија и Црна Гора на заседанието ќе може да се направи споредба на системите на овие четири земји кандидати за членство со оние на членките на ЕУ.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

Таткото на Мбапе: Не е важно дали Килијан ќе учествува на Олимпијадата

Во Франција продолжуваат полемиките дали фудбалската ѕвезда на оваа земја, Килијан Мбапе ќе учествува на Олимписките игри во тимот на „триколорите“ предводен од селекторот Тиери Анри.

Евентуалниот иден клуб на Мбапе, Реал Мадрид веќе најави дека нема да ги пушти своите играчи за Олимпијадата, ниту пак е обврзан.

- Дали Калијан ќе биде таму или не, не е важно. Она што е важно е дека Олимпијадата е во Франција и дека целиот свет ќе ги гледа, а не дали ќе играат Мпабе и Вембањама. Не знам што ќе се случи, има кој да одлучи за тоа. Но, што и да се случи, Килијан е среќен бидејќи Игрите ќе бидат во Франција, изјави таткото на фудбалерот Вилфрид за „Радио Франс“.

Францускиот претседател Емануел Макрон и министерката за спорт на земјата Амели Оудеа-Кастера веќе го повикаа Мбапе да игра за францускиот национален тим.

Казни за 133 возачи за брзо возење на територија на цела држава

Во спроведената акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, вчера се казнети 133 возачи, соопшти денеска МВР.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 55 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

притисни ентер