Најголемото Ауди пристигнува од Кина (ВИДЕО)

Луѓето денес се подготвени да прават чуда за слава на социјалните мрежи.

Некои се помалку, а некои покреативни во овие идеи. Кога станува збор за автомобилите, најчесто зборуваме за реплики во природна големина. Исклучоци се отстапувањата, особено ако зборуваме за зголемување. Токму тоа го направил неименуван автор чие дело се појавило на Редит.

Видеото од ова навистина специјално возило предизвика голем интерес. Станува збор за реплика на Audi Q7, кој, судејќи според виденото, не е завршен. Со оглед на тркалата се добива впечаток дека основата е работно возило, па ова Ауди лесно би можело да го носи епитетот најробусно.

Somebody from China made a supersized Audi from scratch.
by u/MentalGymnast4269 in WeirdWheels

Возилото нема врати, но има капак на багажникот. Потребни се скалила за да се влезе во возилото, по што возачот може да се постави доволно високо за да има целосен поглед на околината. Со оглед на тоа дека оваа реплика е во возна состојба, би било одлично доколку сопственикот реши да го заврши проектот и да го направи уште поатрактивен.

„Си-би-ес њуз“: САД планираат одреден број Палестинци од Газа да примат како бегалци

Администрацијата на Бајден планира да прими голем број Палестинци како бегалци, со што може да спаси илјадници од војната во Газа, дознава „Си-би-ес њуз“.

Според официјални документи до кои дошла оваа телевизија, повеќе американски агенции вршеле консултации и планирале различни опции да примат во САД Палестинци од Газа кои имаат блиски роднински врски со американски државјани или оние со легален престој во САД.

Еден од предлозите е ова да се направи во рамките на децениски старата програма на САД за прием на бегалци, а ќе се однесува за оние Палестинци со врски во САД кои успеале да избегаат од Газа и да влезат во соседен Египет, наведува „Си-би-ес њуз“.

Се планира и примање како бегалци на дополнителен број на Палестинци кои се во Газа кои имаат блиски роднини во САД. Плановите треба да се координираат со Египет кој досега одби да прими голем број луѓе од Газа.

Се дознава дека тие кои треба да исполнат повеќе услови, медицински и безбедносни проверки за да се квалификуваат да летаат за САД со статус на бегалци. Со тоа би стекнале разни бенефиции како легален престој, помош за раселени лица како добивање стан и можност да станат американски државјани.

Се смета дека оние што можат да се квалификуваат за оваа програма се очекува да бидат мал број. Сепак тие бе се спасиле од војната на Израел против Хамас, која според локалните здравствени власти досега ги одзеде животите на 34.000 луѓе и расели стотици илјади цивили во Газа. /МИА

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

притисни ентер