Се покажа дека шпекулациите за новиот модел не се лажни, со оглед на тоа дека британскиот произведувач на автомобили официјално ја објави фотографијата со кој а го најавува „speedster“.
„McLaren“ досега открива дека вратите на новиот автомобил ќе се отвораат нагоре и дека ќе го користи нивниот „V8 twin-turbo“ мотор. Се уште не се познати другите спецификации за овој автомобил.
Најважно е дека овој модел ќе претставува вистинска екслузива, ќе биде произведен во само 399 примерока и ќе чини околу 2 милиони долари.
Британскиот произведувач соопшти дека наскоро ќе почнат да примаат нарачки, а првите купувачи ќе можат да го добијат својот автомобил дури при крајот на 2020-та година.