О Џеј Симпсон пуштен на слобода

Поранешната ѕвезда на американскиот спорт, рагби играчот О Џеј Симпсон по девет години минати во затвор во Невада поради вооружен грабеж е пуштен на слобода.

Симсон инаку е осуден на казна затвор во траење од 33 години поради вооружениот грабеж на хотел и во затвор бил од 2008 година.

Судот на Невада одлуката за ослободување ја образложи со доброто владеење на Симпсон во затворот , одлуката е донесена едногласно, но , е наведено и дека затворската казна е заслужено . Судот воедно истакнал дека постои минимален ризик О Џеј Симпсон да го повтори прекршокот.

Симпсон беше во центарот на вниманието на светската јавност и во 1995 година кога беше осомничен за убиство на поранешната сопруга Никол Браун и нејзиниот пријател Рон Голдмен. Во судскиот процес тогаш рагби играчот беше прогласен за невин, но одлуката е промената по две години кога Симпсон е осуден пред граѓанскиот суд , но оштетата никогаш не ја платил.

Клисаровска: Дневната болница не е затворена

Точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал, вели Клисаровска.

Дневната болница на Клиниката за онкологија не е затворена, информацијата е погрешна. Баш напротив, не само што не е затворена, туку работи со полна пареа. Само да, пациентите чекаат со часови. Терапиите се повеќечасовни во најголем дел од случаите, траат по пет и шест часа. Работиме со натчовечки напори, изјави денеска за МИА, в.д. медицинскиот директор на Клиниката, Виолета Клисаровска.

-Ако зборуваме за дневна болница, во делот на медицинските сестри кои таму работат, најмалку треба да ги дуплираат по број. Одлив на кадар имаме постојано и сѐ повеќе од сестрите најавуваат дека ќе си одат, бидејќи ова станува неиздржливо. На цела работа, уште работат и под притисоци и под закани. Во слободни денови ги викаме од дома, појасни таа.

Клисаровска рече дека дисперзијата под итно треба да се случи. Таа кажа оти ги разбираат пациентите кои имаат мака, сакаат да дојдат и да бидат веднаш услужени, но, додаде дека здравствените работници не се во можност тоа да им го пружат, па мора да се чека.

Од Клиниката за онкологија за МИА кажаа и дека во дневната болница работат и бремени сестри, опслужува и сестра која е нивен пациент со малигна болест. За жал, како што велат, има нервозни пациенти, кои се туркаат и ги вреѓаат здравствените работници на клиниката. /МИА

Неколку земји-членки на ЕУ бараат Украина во јуни да ги почне преговорите за членство

Неколку земји-членки денеска побараа од ЕУ да ги почне преговорите за членство на Украина и на Молдавија во јуни, но Унгарија се закани дека ќе биде против.

ЕУ во декември се согласи да отвори преговори со Украина и со Молдавија, но за да почнат преговорите земјите-членки треба да потпишат формална рамка за процесот, предложена во март од Брисел.

На состанокот во Брисел, францускиот министер за прашања на ЕУ, Жан-Ноел Баро повика на „ефикасно отворање на преговорите“ пред да заврши ротирачкото претседателство на Белгија на крајот на јуни.

Додека портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач истакна дека „не може да има исклучок врз основа на политички или идеолошки размислувања“.

- Има многу мал, ако воопшто има, напредок. Повторно, можам да ви повторам дека членството, одобрувањето треба да биде процес заснован на заслуги. Без исклучоци, посочи Ковач.

Друга можна пречка може да дојде од формирањето на нова десничарска влада во Холандија, што се спротивставува на какво било ново проширување на ЕУ.

Украина поднесе барање за членство во ЕУ по рускиот напад во февруари 2022 година. /МИА

притисни ентер