Потребни состојки : 1 кг. органски пиперки, 1,5 кг. органски црвен домат, 500 гр. органска жолта тиква, 300 мл. масло, сол и магдонос по вкус.
Постапка:
Пиперките се сечат на помали парчиња.
Се пржат во тава со загреано масло на тивок оган се додека не заруменат.
За тоа време во сад со жешка вода се ставаат доматите за да можат полесно да се излупат.
Откако ќе се излупат се дробат на помали парчиња.
Тиквата се лупи и се сече на помали парчиња.
Доматите и тиквата се варат заедно во еден сад се додека не се добие хомогена кашеста смеса.
Во смесата се додаваат пропржените пиперки, се зачинува со сол по вкус и се придолжува со пржењето уште 5-10 минути.
На крај се става ситно сечкан магдонос по вкус.