PEUGEOT и YellowKorner поканија пет фотографи во потрага по Allure

Peugeot соработува со YellowKorner, водечки издавач и дистрибутер на уметнички фотографии, за да им понуди на пет фотографи можност да ја откријат својата визија за Allure, со тоа што секој ќе произведе серија од 15 слики.

Овие фотографии ќе бидат изложени од октомври 2023 год. во галериите YellowKorner и мрежата на Peugeot.

EMOTION: Фотографите ќе ја искористат моќта на сликата за да го постават моментот на Allure во самиот центар.

ALLURE: Peugeot сака да ја сподели својата оптимистичка визија за иднината со тоа што ќе стане “Allure activist”.

EXCELLENCE: Peugeot соработува со YellowKorner, водечкиот издавач на уметнички фотографии.

Peugeot е убеден дека светот е подобар со Allure. Тоа значи дека иднината мора да се замисли со стил, креативност и амбиција. Привлечноста или Allure, е клучот за позиционирањето на брендот Peugeot, сега и во иднина. Овој концепт на Allure е многу повеќе од израз на извонреден дизајн. Тоа е, исто така, состојба на умот, став и однесување што оди многу подалеку од обичен изглед.

Засилени од оваа амбиција, Peugeot сака да ја промовира оваа оптимистичка визија и да стане вистински „Allure activist“.

За дополнително да ја зголеми својата поддршка и вклученост во визуелните уметности, во изминатите неколку недели Peugeot започна серија уметнички соработки со креаторите од новата генерација, основачот на брендот за облека 3.PARADIS Emeric Tchatchoua и визуелниот уметник J. Demsky. По овие соработки, Peugeot им понуди можност на талентираните фотографи да ја откријат својата визија за Allure.

За таа цел, Peugeot соработува со YellowKorner, водечки издавач и дистрибутер на уметнички фотографии преку мрежа од 130 галерии во 20 земји и онлајн галеријата yellowkorner.com.

Пет фотографи, пет потраги на Allure

Teresa Freitas: „Наоѓајќи ја привлечноста (Allure) во боите“ во Мароко

Laurent Baheux: „Привлечноста (Allure) на лавот“во Кенија

Mister Fifou: „Гордоста на привлечноста (Allure)“ во предградијата на Париз

Laurence Laborie: „Женска привлечност (Allure)“ во Lanzarote

Oliviero Toscani: „Пејзажот на привлечноста (Allure)“ во Тоскана

Од октомври 2023 година наваму работата на овие фотографи ќе биде изложена на веб-страната YellowKorner, претставена во галериите YellowKorner, и прикажана пред одреден број луѓе во присуство на уметниците во главните галерии YellowKorner во Европа. Фотографиите ќе бидат изложени и на мрежата на Peugeot.

Како и со сите дела објавени од YellowKorner, фотографиите од соработката со Peugeot ќе бидат достапни за купување на јавноста.

Овој проект беше започнат на 20 април на Меѓународниот фестивал на фотографија во Венеција, чиј партнер е YellowKorner. YellowKorner го покани Peugeot на свеченото отворање на фестивалот, за време на кое беше претставен филм во кој се воведува партнерството и визијата на петте избрани фотографи.

ССМ организира протест по повод Меѓународниот ден на трудот - 1 мај

Меѓународниот  празник 1 мај  е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. 

Овој празник се одбележува на овој ден во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од први до четврти мај 1886 г. во Чикаго, организиран со цел воведување на осум-часовен работен ден. Синдикатите секоја година низ светот излегуваат на масовни протести со цел да ги потсетат властите за своите права. И кај нас Сојузот на синдикатите на Македонија од 11 часот организира протест по повод меѓународниот ден на трудот. Протестот го следи Сандра Спасовска.

Почна ли протестот , и какви пораки се очекува да испратат синдикатите?

„Гответе со Дракче“ - Слатко од јагоди

Во вторник (30.04.2024) во емисијата гостин ни беше Стојна Костовска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 кг. јагоди

800 гр. шеќер

1 л. вода

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

СДСМ: СДСМ не прифаќа уцени од било кого, нема тргување со иднината на државата

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции.

За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.

Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.

СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.

Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.

Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер