Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“.

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“.

притисни ентер