Предлог законот за амнестија го помина филтерот на телото за помирување

Предлог закон законот за амнестија ќе се фокусира на тоа кои за кои дела обвинетите и досега осудените за собраниските насилства од 27 април лани нема да бидат амнестирани.

За контурите на законското решение парламентарната група за помирување ги усогласила ставовите и законот наскоро ќе влезе во собраниска процедура.

Амнестијата нема да опфати:

-Здружување заради непријателска дејност - организаторите

-Лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила

-Лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршењето на кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

-Убиство по чл. 123 од КЗ (веќе осудени за случајот Села)

-Насилство по чл. 386 од КЗ (веќе осудени)

Телото за помирување со законот како што вели коррдинаторката Фросина Ташевска Ременски нема да дава квалификации кој треба да добие амнестија туку за тоа ќе одлучи судот.

Вака дефинирано, сигурно е дека ќе нема амнестија за осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села.

Право на амнестија ќе нема ни екс директорот на УБК Владимир Атанасовски кој неодамна беше приведен заради сомнеж за сторено кривично дело Здружување заради непријателска дејност.

Истото ќе се однесува и за полициските и собраниските службеници обвинети за терористичко загрозување кои постапиле надвор од службените овластувања.

Во оваа група спаѓаат и тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Поповски и Мунир Пепиќ, како и собраниските службеници Горан Ѓошевски Леви и Абдуљфета Алими.

Со оглед на тоа што законот дефинира кои дела нема да бидат амнестирани, исклучок ќе се направи и за лицата кои одговараат или се осудени за подготвување, обид, поттикнување и помагање.

Па така, се толкува дека амнестија ќе може да побараат обвинетите пратеници кои ги отворија вратите на собранието - Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Љупчо Димовски, Сашо Василевски и Јохан Тарчуловски.

Но истото најверојатно ќе се однесува и за обвинетите водачи на протестите За заедничка Македонија – Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и Владо Јовановски.

Ако законот уште утре се најде пред пратениците се очекува бргу да ја помине собраниската процедура и да стапи на сила пред судот да донесе пресуда за најголемиот предмет кој се однесува на крвавиот четврток.

Секој обвинет или осуден индивидуално ќе може да поднесе барање за амнестија а судот по мислење на Јавното обвинителство ќе одлучува.

Според ова, за очекување е целиот процес да заврши до Нова година.

Пател: Не сме виделе израелски план за напад на Рафа што би нè загрижил

САД не виделе никаков веродостоен израелски план за офанзива врз градот Рафа што би предизвикало загриженост, изјави синоќа заменик-портпаролот на Белата куќа, Ведант Пател.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека ќе продолжи со операцијата и покрај загриженоста на меѓународната заедница за повеќе од милион Палестинци кои се наоѓаат во најјужниот град Газа.

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, Херци Халеви ги одобри во понеделникот конечните планови за воена операција во градот Рафа и во бегалските кампови во Појасот Газа, пишува „Унет њуз“. /MИА

Се урна дел од автопат во јужна Кина, при што загинаа најмалку 19 лица, а 30 се повредени

 Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV.

Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави телевизијата.

Изминативе денови во областа врнеа обилни дождови./MИА

Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Меѓународниот ден на трудот, 1 мај, денеска се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови. /МИА

притисни ентер