Претпоследно коло во Првата македонска фудбалска лига

Во фудбалското првенство на Мкедонија односно Првата лига, попладнево ќе се играат натпреварите од 31-то претпоследно коло.

Лидерот и актуелен првак Вардар ќе биде домаќин на екипата на Шкупи, на дуелот кој ќе се игра на стадионот во Пробиштип, поради суспензијата која ја заработија црвено-црните. Со победа вардарци ќе ја осигураат десетата титула шампион на Македонија.

Кикс на црвено-црните ќе очекува Шкендија која во Гостивар го пречекува Силекс. Во последниот меч од плејоф конкуренцијата ќе играат Брегалница и Работнички.

Во борбата за опстанок во Првата лига, дербито ќе се игра во Тетово каде Реанова ја пречекува екипата на Хоризонт Турново, додека во вториот меч играат веќе испаднатите Металург – Младост Ц.Д.

Сите натпревари ќе започнат од 16 часот.

Табела- плејоф: Вардар 71 бодови, Шкендија 66, Силекс 43, Работнички 39, Шкупи 38 и Брегалница 33.

Табела- плејаут: Турново 43, Ренова 41, Металург 19 и Младост ЦД 16. /МИА

Анчелоти: Ѓулер ќе биде клучен играч на Реал

 Турскиот талент Арда Ѓулер следната сезона ќе биде меѓу носителите на играта на Реал Мадрид, најави тренерот на Кралскиот клуб, Карло Анчелоти.

Деветнаесетгодишниот Ѓулер прв пат се најде во почетниот состав во Ла Лига и го постигна својот втор гол во дресот на Реал Мадрид во вчерашната победа од 1-0 на гостувањето против Реал Сосиедад.

Според информациите, турскиот играч за врска е незадоволен од малата минутажа што ја добива и размислува да ја смени клупската средина како позајмен фудбалер во новата сезона, но Анчелоти во него гледа еден од клучните играчи во новата сезона.

„Арда ќе биде многу важен играч за нас во иднина и нема сомнеж дека ќе остане тука следната година. Тој е многу млад, но малку по малку учи каква е неговата улога во овој тим. Тој постигна повеќе голови отколку што одигра натпревари. Тоа е талент“, рече Анчелоти.

Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне, особено во северозападните делови ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. 

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, информираат од УХМР.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 24 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд.

Од УХМР известуваат дека следува период на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи се очекува кон средината на следната седмица.

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

притисни ентер