Промовирање здрава исхрана и намалување на прекумерна тежина кај децата преку иновации

Работилница за генерирање идеи за здрав и активен живот на децата, на која наставници и ученици разгледуваа иновантни решенија за промовирање здрава исхрана во училиштата, дома и во заедницата.

Работилницата се одржа денеска како дел од иницијативата поддржана од УНИЦЕФ која има за цел да ги открие факторите кои се поврзани со однесувањето на децата кое придонесува кон зголемување на тежината и дебелина.

– Децата и младите најдобро можат да влијаат на концептите поврзани со здравјето. Преку промени на наставната програма во училиштата, помагање на другите деца во нивните лични избори поврзани со исхраната на училиште, дома и во заедницата – нивните идеи во голема мера може да ги обликуваат идните решенија за промовирање на добри навики во исхраната, рече Патриција ди Џовани, претставничка на УНИЦЕФ.

Освен работилницата, како што соопшти денеска УНИЦЕФ, поддржале и мисија во соработка со британската организација Бихејвурал Инсајтс Тим за да добијат подобра слика за причините во однесувањето на децата на училишна возраст кои предизвикуваат зголемување на тежината и дебелина, личната мотивација и околината во која тоа однесување се практикува.

Мисијата откри дека изборот на храна од страна на децата често е автоматска реакција на физичката средина во која живеат – нездравите грицки и пијалоци се достапни во училиштата, како и во околните продавници, а недостигаат привлечни здрави алтернативи.

Социјалните и културните фактори исто така придонесуваат во изборот на храна на децата – родителите се обидуваат да им помогнат на своите деца да одржат добар социјален статус меѓу своите врсници со тоа што ќе им дадат доволно пари за да купат ужина за време на паузите од училиштата, кои честопати се нездрави. Покрај тоа, „традиционалната храна" често се смета за „здрава храна" од страна на некои деца без оглед на содржината на калории и хранливиот состав на оваа храна.

Светските истражувања покажуваат дека не е доволно само да се обезбеди информација за здрава исхрана и мала е веројантоста дека ќе предизвика голема промена во однос на тоа што јадат и пијат луѓето. Поголем успех во промени на однесувањето ќе се постигнат доколку освен информација има и регулатива во врска со тоа каква храна се продава во и околу училиштата. Исто така, потребно е воведување информации на етикетите на производите и справување со погрешното сфаќање за тоа што е нормална тежина.

Работилницата се поклопува со објавувањето на резултатите на глобалниот извештај за состојбата на децата во светот за 2019 „Децата, храната и исхраната". Извештајот ги опишува трите вида на лоша ухранетост: потхранетост, скриена глад предизвикана поради недостиг од основни хранливи состојки и преголема тежина кај децата на возраст под пет години. Лошата ухранетост ги погаѓа децата и во сиромашните и во богатите земји. Една третина од децата под пет години во светот страдаат од лоша ухранетост – преслаби, прениски за возраста или предебели – додека две третини се во ризик од лоша ухранетост и скриена глад поради слабиот квалитет на храната што ја јадат.

Во нашата земја, според податоците со кои располага УНИЦЕФ, секое трето дете има прекумерна тежина или дебелина – една од највисоките стапки во регионот на СЗО за Европа. Загрижува и фактот дека трендот на прекумерна тежина кај децата на возраст од седум години има тенденција на раст – кај момчињата од 37.9 отсто во 2010 на 39,4 отсто во 2016, а кај девојчињата од 31.5 отсто во 2010 на 32,9 отсто во 2016. Се цени дека во земјата има околу 70,000 деца на училишна возраст со прекумерна тежина. /MИА

Видео: Кристијано и Георгина уживаат на плажа

Еден од најдобрите фудбалери во последните две децении Кристијано Роналдо и неговата вереница Георгина Родригез ги воодушевија своите следбеници на социјалните мрежи со видео.

Кристијано и атрактивната Георгина уживаат во одморот, а поубавата половина на Роналдо ја искористи приликата да објави жешка снимка од плажа во која ги покажува своите бујни облини.

- Во рајот со тебе - напишала Георгина во описот на видеото.

Со Георгина и наследниците, Кристијано Роналдо се бања и одмара, а кога ќе дојде времето за вечера со неговата поубава половина, наздравува и пишува на социјалните мрежи:

- Среќа!

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

притисни ентер