Рекордно низок број на новородени во Италија, населението „исчезнува“

Бројот на новородени во Италија е на рекордно ниско ниво во 2023 година, а паѓа веќе 15 години по ред, објави денеска државниот завод за статистика ИСТАТ, додека бројот на жители продолжува да се намалува.

Постојаниот пад на наталитетот во Италија се смета за национална вонредна состојба, но и покрај тоа што последователните влади ветија дека ќе го направат приоритет, ниту една досега не можеше да го запре падот.

Минатата година, Италија забележа 379.000 раѓања, што е пад од 3,6 отсто во споредба со 2022 година и пад од 34,2 отсто во однос на 2008 година. Тоа беше најниската бројка од обединувањето на земјата во 1861 година.

Стапката на фертилитет паднал на 1,20 деца по жена од 1,24 во 2022 година - далеку под стапката од 2,1 потребна за стабилна популација.

Спротивно на тоа, минатата година беа регистрирани околу 661.000 смртни случаи, што е пад од претходните три години кога Ковид ја зголеми стапката на смртност во Италија.

ИСТАТ објави дека очекуваниот животен век исто така скокнал минатата година на 83,1 година, шест месеци повеќе отколку во 2022 година.

Додека во 2023 година имало околу 282.000 повеќе смртни случаи отколку родени, вкупното италијанско население паднало за само 7.000 на 58,99 милиони благодарение на поголемите пристигнувања на странски мигранти и враќањето на италијанските емигранти.

Во 2023 година странците сочинувале 8,99 отсто од населението во земјата или вкупно 5,3 милиони, што е за 3,2 отсто повеќе од претходната година, а најголем дел од нив живеат на северот на земјата.

Целокупното население на Италија е во постојан пад од 2014 година, со кумулативна загуба оттогаш од повеќе од 1,36 милиони луѓе, еднакво на населението на Милано, вториот по големина град во земјата.

Минатиот септември, ИСТАТ соопшти дека Италија може да изгуби речиси 10 отсто од своето население во следните 25 години, а населението треба да падне, според основното сценарио, на 54,4 милиони до 2050 година.

Истакнувајќи го брзото стареење на населението во Италија, ИСТАТ вели дека речиси секој четврти жител е над 65 години, со повеќе луѓе над 80 отколку под 10 години. Пред половина век односот бил еден спрема девет.

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер