Шарлиз Терон и Бред Пит нов љубовен пар во Холивуд?!

Холивудските актери, убавата Шарлиз Терон и големиот заводник Бред Пит околу еден месец се заедно.

Според дел од медиумите иако се кратко во врска тие веќе се неразделни и важат за најубавиот и најатрактивниот пар во Холивуд.

-Еден период биле многу блиски пријатели за потоа меѓу нив да се развие нешто многу повеќе од тоа пријателство и да одлучат да запливаат во романса. Поради тоа што уште се на почетокот , тие не сакале за својата љубов да зборуваат ништо, раскажал за медиумите извор близок до Шарлиз и Бред.

Интересен е и фактот што ги запознал поранешниот свршеник на убавата актерка, популарниот актер Шон Пен.

„Бред и Шарлиз се видени во еден бар, цела вечер тие двајца биле многу блиски и расположени. Се смееле разговарале дури, Бред ја држел раката преку рамената на Шарлиз. Бред пиел само минерална вода а Шарлиз пиела коктел од вотка“, истакнал изворот .

Вулкан еруптираше во источна Индонезија

 Вулканот Ибу во источна Индонезија еруптираше денеска, исфрлајќи облак од пепел до 3,5 километри над кратерот, соопштија властите.

Ерупцијата, која започна во 12:37 часот по локално време, траеше повеќе од три минути, се вели во денешното соопштение на службеник на контролен пункт во близина на вулканот во северниот дел на Молука.

„Ги замолуваме жителите и туристите во близина на вулканот Ибу да не вршат никакви активности во радиус од два километри (околу кратерот)“, додаде службеникот.

Нивото на тревога прогласено по ерупцијата на вулканот на надморска височина од 1.325 метри останува второ на скала на четири нивоа. По ерупцијата не беше наредена евакуација.

Сепак, властите го повикаа населението да носи маски и очила кога излегуваат надвор за да се заштитат од паѓање на вулканска пепел.

Дачиќ: Гласањето за прием на Косово во Советот на Европа најверојатно на 17 мај

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека на 16 и 17 мај е состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа за прием на Косово во таа организација, а дека најверојатно ќе се гласа на 17 мај. 

Шефот на српската дипломатија во гостувањето на ТВ Прва рече дека не е извесно што ќе се случи и дека Србија „ќе се бори“. Исто така, рече дека Франција и Италија изразиле резерви, а Унгарија е против, пренесува Бета.

„Посветивме максимално политичко внимание на тоа прашање“, рече српскиот министер. Тие го притискаат (косовскиот премиер Албин) Курти да го испрати Статутот на ЗСО (Заедница на општини со српско мнозинство) до Уставниот суд на Косово, и додека Французите велат дека е потребен одговор на судот, некои велат дека е доволно само да се испрати барање“, рече Дачиќ.

Тој смета дека Косово е вештачки политички „пропаднат проект“, наведувајќи дека еднострано прогласи независност во 2008 година и дека во 2024 година сè уште не постигнало целосно признавање. Дачиќ оцени дека тоа е „дебакл на западната политика“.

Кејн за рекордот на Левандовски: Можно е да го надминам

Напаѓачот на минхенски Баерн, Хари Кејн, се доближи до рекордот на Роберт Левандовски за најмногу постигнати голови во Бундеслигата во една сезона, откако во саботата беше два пати прецизен во победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн дојде до бројката од 42 голови оваа сезона во сите натпреварувања, а ја мина и границата од 400 голови во кариерата.

Англискиот репрезентативец постигна 35 голови на 31 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, шест помалку од рекордот на Левандовски, кој во сезоната 2020/21 во дресот на Баерн постигна 41 гол.

За да го надмине рекордот на Левандовски на Кејн му преостануваат уште три натпревари до крајот на бундеслигашката сезона.

„Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку голови следната недела. Зависи од последните неколку натпревари“, рече Кејн.

притисни ентер