Снимила над 100 порно филмови, а сега сака да направи кариера како фудбалки судија (ФОТО)

На 42-годишна возраст, Бразилката Елиза Санчез постигна значителна кариера правејќи филмови за возрасни. Сепак, сега реши да се испроба и во фудбалот!

Но, не како играч - туку како судија, затоа што сака да го оствари сонот што го имала како млада жена. Таа и пред 22 години имала можност да има свирче во устата на хуманитарен натпревар, додека сега сака сето тоа да го официјализира.

- Гледам светла иднина кога е во прашање судењето. Во добра форма сум. Сакам напорно да учам за тестовите и да ги положам од прв пат - изјави Санчез, кој има снимено најмалку 100 филмови за возрасни.

Таа, исто така, призна една работа од која се плаши.

- Понекогаш се прашувам дали јавноста и играчите ќе ме почитуваат. Јас сум жена, поранешна порно ѕвезда, па морам да бидам подготвена на сѐ. Но, сепак сум возбудена, го најдов училиштето во кое ќе одам.

Исто така, таа призна дека ја напуштила порно индустријата бидејќи ѝ здосадиле наметливите моќници кои сакаат да се дружат со порно актерки.

Шкријељ: Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме

Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина.

Санела Шкријељ, кандидат за пратеник во ИЕ2

Пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ по повод 27 април, годишнината од крвавиот четврток во Собранието, во својата изјава пред Собранието изјави:

Собранието е претставнички дом на граѓаните и место каде треба да се натпреваруваме со идеите за подобар квалитет на животот на сите граѓани, а не со насилство. Можеме да имаме различни ставови по секое едно прашање и да ги спротивставуваме своите аргументи за тоа, но никогаш повеќе не смееме да дозволиме пратениците, собраниските служби, новинарите и медиуските работници на најбрутален и насилнички начин да бидат нападнати и да им биде загрозен животот токму тука, во она што треба да биде храмот на демократијата.

Како пратеници, треба да покажеме дека државата ја сакаме со ум, а не со насилство. Да се спротивставиме на политиките на делби и ширење омраза, да не дозволиме повторно газење врз слободата, врз демократијата, пресметување со неистомисленици, напади врз новинари. Со заедништво и јасна визија да ја придвижиме државата кон она што сите го заслужуваме, европска иднина!

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите

Денес, носителот на листа од Левица - Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен.

Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество.

Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше случајот со последните измени на Кривичниот Законик, каде беа амнестирани над 80 функционери од поранешната и актуелната власт!

Антикорупциската платформа на Левица се темели на неколку клучни точки:

- Итно носење на Закон за потекло на имот на сите носители на јавни функции, од осамостојувањето до денес (1991–2024) – како lex specialis;

- Незастарување на кривичните дела поврзани со т.н. економски криминалитет и корупција извршени од страна на јавните функционери;

- Трикратно зголемување на рокот на застареност во Кривичниот законик за делата сторени од носителите на јавни функции, поврзани со т.н. службенички криминалитет.

-Проширена конфискација (кривична или граѓанска) на нелегално стекнатиот имот на досегашните владејачки структури и олигарси – не само од нив лично, туку и од нивни блиски роднини, пријатели/партнери или трети лица.

- Разрешување на судија по сила на закон на кој му застареле три предмета во кариерата и поради кои Република Македонија ќе изгуби спор пред Судот во Стразбур со цел ставање крај на партизацијата на судството.

На криминалното и анти-македонско владеење на СДС и ДУИ ќе им пресуди народот на 8 Мај, а потоа мора да има ригорозна одговорност за економскиот, социјален и национален пустош кој го оставија во нивното катастрофално владеење!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

Лопетеги го менува Пиоли во Милан

Шпанскиот фудбалски стратег Јулен Лопетеги би можел да го предводи Милан од следната сезона.

Како што денеска објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо, раководството на миланскиот клуб ја разгледува кандидатурата на 57-годишниот Шпанец како замена за Стефано Пиоли.

Самиот Лопетеги, исто така, е во преговори со Вест Хем, но го претпочита италијанскиот тим.

Лопетеги е без ангажман од август лани кога ја напушти клупата на Вулверхемптон.

притисни ентер