Собрани 6000 килограми храна во акцијата „Нахрани 10.000"

Десетте градови низ државата што се вклучија во акцијата „Нахрани 10.000" ја надминаа планираната храна која што сакаа да ја соберат, обезбедувајќи шест тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства.

Илјадниците граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.

Како што велат од акцијата, при собирањето на храната помогнале над 200 волонтери од дваесеттина организации, кои изминатиот период ја пакувале храната во пакети и започнале да ја делат храната на социјално загрозените граѓани од нивните општини.

– Акцијата покажа дека хуманоста е силна страна на нашите сограѓани, па затоа се надеваме дека ќе се зголеми нивниот интерес со посебен фокус на компаниите, велат од акцијата „Нахрани 10.000".

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија.

Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот е регистриран на длабочина од 540 километри.

Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, главниот град на Јапонија, и 1.600 километри северозападно од островот Гуам во западниот Пацифик.

Стојаноска: Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ,за конечно ДУИ и СДСМ да ги испратиме во опозиција

Носителката на листа од коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица 6, Дафина Стојаноска се обрати пред тетовчани. 

Дафина Стојаноска истакна дека е време за целосно обединување на сите, без разлика на партиска, верска или национална определба. Раката на ВМРО -ДПММЕ е подадена, време е ДУИ и СДС да заминат во опозиција.

Вчерашниот мини-митинг во старо Тетово - Под Балтепе испрати силна порака дека тетовчани ги има и се со одличен резултат во првиот круг претседателски избори. Мотивирани се и за 8-ми мај. Велат дека е редно оваа криминална власт да се испрати во пензија и да дојдат луѓе кои со работа ќе го покажат патриотизмот кон Македонија.

Олимпискиот оган го започна патувањето од Грција кон Франција за ЛОИ „Париз 2024“

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“.

Со историскиот француски едреник со три јарболи „Белем“, од атинското пристаниште Пиреас, олимпискиот оган утрово го започна патувањето кон Франција за Летните олимписки игри ,„Париз 2024“, а на 8 мај се очекува да пристигне во Марсеј, јави дописничката на МИА од Атина.

Олимпискиот оган за првпат ќе биде пренесен по морски пат, а според најавите, „Белем“ ќе го придржуваат 1.000 бродови.

Вчера, на церемонија на античкиот стадион „Панатенаик“ во центарот на Атина, онаму каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган им беше официјално и свечено предаден на организаторите на Летните олимписки игри „Париз 2024“.

притисни ентер