Солен ролат готов за само 10 минути – Задолжително предјадење за новогодишната трпеза

Солен ролат што ќе ве воодушеви уште при првиот залак.

Доколку деновиве сте во дилема што би можеле да приготвите како предјадење или лесен оброк за новогодишната трпеза, овој солен ролат е одлична идеја. Се приготвува лесно, а состојките ги имате во вашата кујна. Гостите ќе бидат воодушевени и од неговиот изглед и од неговиот вкус.

Состојки:

5 јајца

5 лажици брашно

прашок за пециво

2 лажици масло

300 гр сирење

една павлака

шунка

сол

ситно сечкана пиперка

Подготовка:

За да се направи кората потребно е да се изматат јајцата, да се додаде масло, половина павлака, брашно, прашок за пециво и малку сол. Добро изматете ја смесата, па премачкајте ја тавата со масло и истурете ја смесата во неа. Кога кората ќе се испече, ставете ја на влажна крпа, завиткајте ја и оставете ја да се излади. За тоа време, направете го филот. Во еден сад ставете го сирењето, половина од павлаката, а доколку сте љубители на печен сусам, можете да додадете тоа или ситно сечкана пиперка. Расукајте ја кората и намачкајте ја со филот, па преку него наредете ги парчињата шунка и повторно замотајте ја. Оставете ја во фрижидер да се излади. Доколку сакате ролатот да има зелена боја, при правењето на кората можете да додадете ситно сечкан спанаќ.

Најтрофејниот европски тренер останува на клупата на Партизан

Легендарниот тренер на кошаркарскиот клуб Партизан, Жељко Обрадовиќ потпиша нов договор со црно-белите од Белград.

Трофејниот тренер според информациите на порталот „Нова“,договорил продолжување на соработката со својот омилен клуб.

Рекордерот на Евролигата на клупата на црно белите повторно седна во 2021 година по скоро 30 години работа во најдобрите европски клубови.

Под негово водство експресно клубот се врати во најсилното европско натпреварување, каде во првата сезона по враќањето беше блиску до пласман на фајналфор турнирот.

Минатата сезона Партизан по 10 години стана шампион во АБА лигата, а сезонава црно белите се вистинска атракција за сите љубители на кошарката од Европа и се убедливо најгледаниот кошаркарски клуб на Стариот континет .

-Ова е мој клуб, мој град. Горд сум што ја продолжуваме соработката, истакна Обрадовиќ.

Ковачевски: Никогаш повторно режим, не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека 27 април е најцрниот датум во историјата на нашата демократија потенцирајќи дека како што тие не се откажале од овој ден, така нема да се откажат и од 8 мај.

- Никогаш да не ги заборавиме сликите од крвавиот четврток, сликите на насилниците поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ кои извршија упад во Собранието, се обидоа да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби, кои сакаа да да го урнат уставниот поредок. На 27 април пред седум години, се виде до каде може да одат поделбите и омразата, желбата за пресметка со сите оние кои мислат поинаку. Овој датум е потсетник колку лесно опасна, десничарска власт може да ја уништи стабилноста и демократијата, да ја уназади државата. Тогаш не се откажавме од борбата за подобра иднина на граѓаните, за слободна и демократска држава. Нема да се откажеме ниту сега. СДСМ е партија направена од цврст материјал и секогаш на вистинската страна од историјата. Како што не се откажавме на 27 април, нема да се откажеме ниту на 8 мај. Никогаш повторно режим, напиша претседателот на СДСМ Ковачевски на Фејсбук.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

притисни ентер