Средба на премиерот Заев со шефицата на мисијата на ММФ ,Бјорсон Баркбу

Има силен економски контекст за развој, клучни за развојот на економијата се фискалната стабилност и предвидливоста, било речено на средбата меѓу Заев и Баркбу.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од министреката за финансии Нина Ангеловска, вечерва се сретна со делегација Меѓународниот монетарен фонд предводена од Берглјот Бјорсон Баркбу, шефицата на мисијата на ММФ за земјава.

На средбата е заеднички констатирано дека стабилната политичка клима, добрите реформи, зајакнати капацитети на институциите, ефикасна администрација, фискалната стабилност се клучни за развојот на економијата во државава.

Оценето е дека Македонија има силен економски контекст за развој. Нотирано е намалувањето на невработеноста. Изразена е согласност дека рационалните политики носат предвидливи резултати.

Премиерот Заев ги објасни мерките што ги презема Владата за покачување на платите, како што се зголемувањето на минималната плата, што се очекува уште повеќе да ја покачи спиралата на покачувања на платите, субвенционирањето придонеси со цел да се мотивира покачувањето на платите во земјава, мерките за борба против сивата економија, адаптирањето на даночките политики, иницијативите за зголемување на капиталните инвестиции, со цел овозможување мотивирање на економскиот раст.

„Пред нас е важен политички и еконoмски период. Успешните интеграции директно влијаат на поголем интерес на странските инвеститори за вложувања во државата и на охрабрување за инвестирања на домашните мали и средни претпријатија. Како Влада насочени сме кон флексибилчни мерки за сите инвеститори. Ги зајакнуваме административните капацитети за да ја олесниме реализацијата на капитални инвестиции. Преку статегијата за развој на човечкиот капитал и посветеноста за развој на информатичките технологии ги мотивираме младите да живеат и работат во родната земја. Знаеме дека пред нас има уште многу работа, но сите сили ни се насочени кон подобар живот на граѓаните, кон зголемување на животниот стандард и кон економски развој на нашата држава“, рече премиерот Зоран Заев на средбата со претставниците на ММФ кои се во редовна годишна посета, се наведува во соопштението од Владата.

Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

За гласање преку пошта на претстојните европски избори на 9 јуни се пријавиле над 157.000 грчки граѓани, од кои мнозинството, односно 116.000 живеат во Грција, а останатите се од дијаспората, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.

Гласањето преку пошта за првпат ќе се спроведе на претстојните евроизбори, а имаат право да се пријават сите грчки граѓани без разлика дали живеат во земјата или во странство.

Според податоците што ги објави АНА-МПА, интересот за новиот начин на гласање е висок кај сите старосни групи, додека пак од дијаспората се пријавиле граѓани кои живеат во 115 земји,

Грците кои живеат во странство ќе гласаат исклучиво преку поштенско гласање, додека гласачите во внатрешноста на земјата ќе можат да одберат како ќе го остварат правото на глас или на избирачките места како досега или со гласање по пошта.

Избирачкиот материјал, по пошта ќе биде испратен до гласачите на нивната адреса, кои откако ќе гласаат, ќе треба гласачките ливчиња да ги испратат најдоцна до сабота 8 јуни, односно денот пред изборите.

Ковертот со гласачкиот материјал од Министерството за внатрешни работи ќе биде испратен до гласачите најдоцна до 15 дена пред изборите и ќе содржи коверт, гласачко ливче, упатства и сл. /МИА

Премиерлигашите ќе гласаат за воведување ограничување на платите

Премиер лигата може да воведе ограничување на платата. Се очекува денес клубовите од Англиското фудбалско првенство да гласаат за промената, пренесува „Sky Sports“.

Границата нема да биде колку клубовите можат да платат кој било играч, туку колку клубот може да потроши вкупно на тимот во однос на платите, трансферите и агенциските такси.

Една опција за лимит би била 4,5 пати поголема од приходите на клубот кој е на последното место во лигата. Доколку таа граница би се одредила според сегашниот пласман, ќе изнесува 466 милиони фунти. /МИА

Гасперини: Сега Лигата на Европа е приоритетна цел за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини не се откажува од обезбедување место во Серија А кое носи учество во Лигата на шампионите следната сезона, но како приоритетна цел во моментов го посочи дуелот со Марсеј во Лигата на Европа.

Аталанта вчера во натпревар од 34. коло на Италијанското фудбалско првенство го совлада Емполи со 2:0.

- Ако успееме да освоиме што повеќе бодови во домашното првенство нашата позиција на табелата може значително да се промени. Но сега за нас Лига Европа ни е приоритет и мораме да бидеме внимателни, бидејќи Марсеј е силен тим. Во четврток е првиот натпревар од полуфиналната пресметка. Двата меча се важни, но првиот може да малку побитен, изјави Гасперини за „Football Italia“.

Аталанта е шеста во Серија А со 57 бодови.

Во полуфиналето на Лига Европа на 2 мај тимот од Бергамо ќе гостува на Марсеј. /МИА

притисни ентер