Тетовски планинари ќе ги искачуваат највисоките врвови во Словенија и Австрија

Дваесетчлена експедиција од планинарскиот клуб „Љуботен" од Тетово денеска заминува на искачување на највисоките врвови во Словенија и Австрија.

Искачувањето на Триглав во Словенија на 2864 метри надморска височина е предвидено за во недела (21 јули), додека во понеделник на Гросглокнер во Австрија на 3798 метри.

– Искачувањето на врвови во странство е дел од годишната програма, па годинава се одлучивме за Триглав и Гросглокнер. Два месеци, од мај, се подготвувавме. Имавме предвидено и се искачувавме еднаш неделно на врв на над 2500 метри, секојдневно тренинг со искачување до ридот Балтепе над Тетово. Во последниот месец вежбавме движење наречено „Виа Ферата". Тоа е алипинистичко искачување на карпи, но со претходно поставени сајли за вертикално движење, изјави Владимир Златковски, кој заедно со Јованче Даниловски се главни организатори на 20-члената екипа.

Водичи во планина ќе бидат искусните алпинисти Надир Мурсели од ПК „Љуботен" и Зоран Мајсторски од Радовиш.

– Глосглокнер е дел од Алпите и највисок врв во Австрија каде ќе се соочиме со снег. Треба да се помине глечер, како и карпест дел каде ќе се примени движењето „Виа Ферата". На Гросглокнер ќе се искачуваат помалку луѓе од групата, поточно 15, рече Златковски.

Дел од групата која нема да оди на Гросглокнер, ќе го посети Планинскиот музеј на Словенија во Љубљана каде ќе се однесе дел од архивата на клубот за презентација. Со музејот е предвидено да се соработува за заеднички проект и изложба. /МИА

„5CAST“: Во „На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска

Вечерва на 5CAST, на YouTube каналот на Канал 5 ТВ Македонија, во емисијата: “На кавга со Иван / На кавга со Мирчевски “ гостува Ивона Талевска.

“Кавгата” ќе ја почнеме од оваа премиса: Зошто според нејзе денес нема слобода на говор а имало во времето на режимот на Груевски?

Па ќе удриме една тура малку и за политичко-општествени моменти особено после минатонеделниот прв круг на избори…особено за профеноменот на Максим и контрафеноменот на Левица.

Заседание на Советот за земјоделство и рибарство на ЕУ во Луксембург

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски. 

Состојбата во европскиот земјоделскиот сектор, влијанието на надворешната трговија врз земјоделството во ЕУ и имплементацијата на Заедничката земјоделска политика ќе бидат главни теми на средбата на министрите задолжени за земјоделство и рибарство на земјите членки на блокот што денеска ќе се одржи во Луксембург.

Со Советот за земјоделство и рибарство ќе претседаваат белгискиот вицепремиер и министер за земјоделство Давид Кларинвал, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

За време на работниот ручек предвидено е европските министри да имаат неформална дискусија посветена на стратешкиот дијалог во земјоделскиот сектор на ЕУ.

Дополнително, на Советот за земјоделство и рибарство ќе стане збор за значењето на биоекономијата, како и за Регулативата посветена на контролата на рибарството.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер