По извршените медицински тестови било утврдено дека станува збор за респираторна инфекција, изјави српскиот министер за здравство Златибор Лончар, истакнувајќи дека Србија има реагенси за четири типа на коронавируси.
„Пациентот дошол во Белград на 13-ти јануари, а на 17 јануари се појавиле првите проблеми и нашиот здравствен систем одговорил на најпрофесионален начин ... Според медицинската историја тој бил во погодената област и затоа беше изолиран, сместен на Клиниката за инфективни болести и направени се сите потребни дијагностички мерки“, рече Лончар за Радио-телевизија Србија (РТС).
Дури по тестирањето, лекарите беа сигурни дека пациентот нема коронавирус, туку респираторна инфекција, објасни Лончар.
Србија има реагенси „не само за еден вид коронавирус, туку за четири типа“, рече тој, наведувајќи: „Во рок од два часа утврдуваме дали пациент има или нема (вирус)“.
Во соработка со кинеската амбасада во Белград, се поставени написи на кинески, англиски и српски јазик.
За посетата на туристите од кинескиот град Вухан, кои пристигнаа во Хрватска, Лончар рече дека нема причина да бидат задржани или ставени во изолација, доколку сега немаат никакви проблеми.