Вака родителите ги уништуваат децата

Еден нивен гест е погубен за самодовербата

Љубомората на родителите може да биде еден од главните виновници за идниот успех на децата.

Родителите на своето дете му го посакуваат најдоброто и сакаат тоа да биде поуспешно од нив. Се трудат да го поддржат и да го насочат на вистинскиот пат, како и да се радуваат на неговите успеси. Затоа, за некои, кои сведочеле на родители љубоморни на успехот на своето дете е збунувачко и чудно искуство.

Од родителите се очекува да бидат горди на достигнувањата и успесите на своите деца. Но, кога таквата поддршка изостанува, таа може да биде штетно и демотивирачко, особено ако децата чувствуваат завист и тоа токму од оние од кои очекуваат најголема поддршка - родителите.

Љубомората ја намалува самодовербата на детето

Психологот Бартон Голдсмит го сподели искуството од една своја клиентка за „Psihology today“. Таа рекла дека била одлична ученичка, но забележала чудно однесување кај нејзините родители кога постигнувала некои завидни резултати.

Поради својот успех, таа некогаш се чувствувала лошо бидејќи ја преплавувале чувства на вина и срам. Тоа влијаело врз нејзината самодоверба и мотивација. Наместо нејзините родители да ги слават нејзините достигнувања, тие ги минимизирале или менувале тема.

Влијанието на родителската љубомора

Од друга страна, истражувањата покажуваат дека родителската љубомора не е невообичаена и може да има влијание врз успехот и благосостојбата на детето. Според некои истражувања, тоа може да доведе до чувство на вина и срам кај децата, како и до намалување на самодовербата. Овие негативни емоции секако може да доведат до намалена мотивација и помал напредок во академските и личните активности на детето.

Управување со родителската љубомора

Родителската љубомора може да се манифестира на неколку начини. Има родители кои ќе ја изразат оваа љубомора преку завист или незадоволство, додека други ќе ги минимизираат или целосно ќе ги отфрлат достигнувањата на детето. Во најлош случај, објаснува психологот Голдсмит, родителите можат свесно или несвесно да го саботираат успехот на детето со цел, на некој начин, да ја задржат контролата и супериорноста над детето.

Ако ги препознавате овие особини кај вашите родители, експертите напоменуваат дека може да преземете некои чекори за да се справите со ситуацијата. Еве неколку стратегии кои можат да ви помогнат во тоа.

- Поставете граници со вашите родители околу вашите достигнувања и вашиот успех, така што ќе им нагласите дека го цените нивниот придонес и поддршка, но и дека сакате свој простор за да ги остварите вашите цели без да се натпреварувате со нив.

= Отворено комуницирајте со нив за нивната љубомора и за тоа што понекогаш се чувствуваат огорчено. Јасно нагласете им дека нивното однесување влијае врз вас.

- Побарајте поддршка од други извори како што се пријателите, менторите или терапевтите. На овој начин ќе останете мотивирани и фокусирани на вашите цели.

- Без оглед на видот на стресот со кој се справувате, грижата за себе е најважна во таа ситуација. Јадете и спијте доволно и вклучете се во активности кои ви носат радост и исполнетост.

- Прославете ги вашите успеси, без разлика што вашите родители не ве поддржуваат. Признавањето на вашата напорна работа преку оброк што сами ќе си го подготвите или излегувањето со пријателите може да ја зголеми вашата самодоверба.

Извор: srecna.republika.rs

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која знае како да ја внесе Македонија во ЕУ

Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме.

На вечерашниот митинг кој се одржа во Гостивар, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на присутните им порача дека СДСМ е силна партија и ако некој мисли дека тукутака ќе се откажат, тогаш или не ги познава или ги потценува.

„Нашата историска традиција, нашиот пркос, но и нашата одлучност за европската иднина на Македонија се најдобар доказ дека не се откажуваме. И нема да се откажеме. СДСМ е наследник на сојузот на комунистите на Македонија. КПМ е формирана тука во соседство кај вас во Тетово, во 1943 година. Тогаш нашите претходници беа на вистинска страна на историјата и се бореа за слободна, независна држава.

Тогашниот претседател на ВМРО – Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и тој ја бојкотираше таа борба. Во 1993 година кога требаше да влеземе во ОН, благодарение на Киро Глигоров Македонија влезе во ОН, ВМРО – ДПМНЕ и тогаш го бојкотираше влезот во ОН. Подоцна кога требаше да станеме членка на НАТО, ВМРО – ДПМНЕ го бојхкотираше референдумот“, додава Ковачевски.

Со вас, вели тој, успеавме да го срушиме режимот на ВМРО-ДПМНЕ и да ја ослободиме државата од канџите на ВМРО-ДПМНЕ и 11-те години изолација. Оваа влада со поддршката на граѓаните ја внесе Македонија во НАТО, донесе тешки но правилни одлуки и после 30 години, успеа да ги отпочне преговорите со Европската Унија.

„СДСМ е единствената политичка сила знае како да го направи тоа.Затоа бидете сигурни дека заедно со граѓаните со гордо крената глава на 8 мај повторно ќе излеземе на избори и повторно ќе кажеме ДА, ние сме тие кои сме за прогресивна, напредна, европска Македонија“, рече Ковачевски.

Тој додаде дека во средата, во првиот круг на претседателските избори, граѓаните им испратиле силна порака и дека таа порака ја слушнале, ја прифатиле одговорноста и се свесни дека СДСМ мора да се промени за да ја врати довербата на граѓаните.

„Знаеме дека има и незадоволство кај граѓаните. Тоа не го криеме и го кажував во изминатите неколку месеци. Нас нѝ е совршено јасно дека партијата треба да се менува за да ја вратиме довербата на граѓаните. Како човек кој во животот и во кариерата се соочил со многу победи и со порази, добро знам дека првиот чекор кон промена е прифаќањето на сопствените грешки“, порача Ковачевски.

Изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки за сите, појаснува Ковачевски и вели дека тие ја имале поддршката и кога било најтешко, потсетувајќи дека резултатот сѐ уште не е одлучен.

„Порешителни и пообединети од било кога, ќе продолжиме да се бориме и да ја оствариме нашата заложба – да ја видиме Македонија во ЕУ. Затоа, пред да го дадете својот глас на 8-ми мај, размислете добро кој го заслужува тоа, бидејќи тоа е најмоќниот демократски инструмент кој го имате на располагање. Ние ќе бидеме тука да ги претставуваме сите оние кои нема да се откажат од градење на просперитетно, демократско и европско општество во Македонија“, рече Ковачевски.

Ковачевски додава дека ниту тој, ниту СДСМ нема да се откажат од членството на Македонија во Европската Унија, затоа што со тоа се обезбедува подобар животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство и држава достојна за сите граѓани.

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште помалку со лажен патриотизам и национализам, рече носителската на изборната листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица шест, Славјанка Петровска.

„Во времињата кога лажниот патриотизам владееше, од Македонија над 70.000 граѓани земаа бугарски пасоши. Во тие времиња студентите беа тепани, а новинарите апсени. Вечерва ќе зборувам за иднината, а тој пат е тежок и макотрпен, но друг пат нема. Секој што ќе ви вети брз и пократок пат, знајте дека ве носи во бездна, ве враќа во минатото, а не кон иднината“ порача Петровска.

Таа се обрати до опозицијата да каже која и каква е алтернативата.

„Ќе излезете од НАТО? Ќе прекинете преговори со ЕУ? Ќе затворите граници со соседите? Ќе седите дома, додека децата ни бегаат преку граница, а вие ќе ја фатите старата песна, да изградите уште една бела палата, додека на народот му се заканувате со меѓуетничка војна? Ова е таа друга опција, почитувани. Нашата опција, пак, е јасно зацртана. Ние не бегаме од тешките прашања и не ги негираме грешките. И ние сме луѓе од крв и месо, и нас не болат неправдите кои доаѓаат однадвор, сите тешки одлуки - и за името и за односите со соседите. Сето тоа и нам ни тежи на душа... Но ние немаме право да Ве лажеме дека има успех без цена, за нашата Македонија да дојде таму кај што природно припаѓа, во цивилизирано, европско семејство“ порача Петровска.

Скопје, 27 април 2024

СДСМ

Фото: Парис Хилтон „како од мајка родена“

Богатата наследничка на ланецот хотели „Хилтон“ – Парис Хилтон неодамна се појави на насловната страница на магазинот „Flaunt“ во разголено издание.

Иако позираше во „костум – како од мајка родена“, оваа 43-годишна убавица носеше додатоци од големите модни куќи – „Версаче“ и „Сен Лоран“.

Провокативната Парис никогаш не била срамежлива да ги покаже деловите од своето тело, но сега според многумина сепак отишла малку предалеку.

Сиљановска Давкова од Вевчани порача: Народот не можете да го излажете!

Проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова од Вевчани порача:  Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста н

Денеска, 27 април, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на кампањата за вториот изборен круг од претседателските избори беше во Вевчани каде што оствари средба со граѓани.

Во своето обраќање од Вевчани, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова порача: Народот не можете да го излажете! Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

Вевчани е гордо! Таа гордост, вие вевчанци, ја пренесувате низ генерациите. И кога се одржува Вевчанскиот карневал, вие умеете преку маските и театарот да докажете дека со микроскопска прецизност ја анализирате и критикувате власта, мислам дека нема човек во Македонија кој не е горд на вас!

Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан, не зашто сакам вулкани, туку затоа што како професорка можам да предвидам извесни состојби. Таа состојба ја гледам, каде и да одам има реки на народ!

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста за поддршката.

Наместо да се замислат зошто граѓаните не гласаат за сегашниот претседател, бидејќи сигурно има причина, слушаме изјави дека ќе почнеле од нула. Народот не можете да го излажете, ви дал еднаш шанса.

Не можете да барате уставни измени, за сега да почнете преговори, а велите сте ги отвориле преговорите. Во суштина не сте ги започнале.

Ставот мора да извира од консензусот внатре во државата. Учењето е многу добра работа, можеме да учиме или треба да учиме и од соседите од Грција, Бугарија... Било која власт кога ќе дојде таму, велат дека тие се должни да ја почитуваат Декларацијата на парламентот. Претседателот мора да има конзистентен став, не може еднаш да речете дека не сте ја виделе преговарачката рамка, вторпат да речете дека не ја прифаќате, третпат да речете дека сте учествувале во нејзино креирање. Не смеете да се негирате себеси оти ако застапувате 3 различни става во еден кус период, тогаш вие нема да бидете почитувани. Луѓе кои менуваат ставови секој ден, забораваат не само на своето достоинство, туку на достоинството и гордоста на државата!

Промената на власта е битна за да се спречи гневот. Со Грците имаме проблеми, но имаат еден убав збор се вика „тимос“ - потреба за признание. Кога правите нешто добро и вредно очекувате признание, ако не доаѓа тоа станувате гневни. Гневот се истури на изборите, ама луѓето од власта тоа не можат да го видат.

Во тешка криза ни е судството. Па знаете дека во врска со Академијата за судии и јавни обвинители, јас се одважив среде кампања да покренам постапка пред Државната комисија за спречување на корупција, зашто среде изборен процес ако донесувате одлуки кој ќе заснова работен однос на Академијата има опасност од политичко влијание.

Ветувам дека ќе се однесувам поинаку од овој претседател. Ветувам дека ќе ве направам горди!

притисни ентер