Владата даде негативно мислење за работата на Македонската радио телевизија

Владата даде негативно мислење за работата на Македонската радио телевизија за минатата година. 

Јавниот радиодифузер имал загуба од 26 милиони денари, а забелешки има и за непочитување на професионалните стандарди при работата.

За ревизорскиот извештај за 2017 за работењето на Македонската радио телевизија кој покажа низа недоследности Бошњаковски одговори дека за јавниот сервис е надлежно собранието како основач на овој субјект, но дека институциите може да регираат по допрен глас.

Во извештајот ревизорите нотираа дека Директорот на Македонската радио телевизија Марјан Цветковски овластил раководител на сектор да потпишува документи во негово име, и затоа се сомневаат дека постои ризик од незаконско работење.

Програмскиот совет на МРТВ и Надзорниот одбор иако немале овластување, дозволиле Јавниот сервис да се задолжи со кредит кај банките.

Парите од одобрениот кредитот од два милиони евра, наместо за инвестиции, како што навеле во бизнис планот, телевизијата ги потрошила за раздолжување. Во телевизијата, ревизорите откриле дека недостасува и опрема .

Ревизијата не можела да ја утврди ниту реализацијата на рекламите во МРТВ, оти немало медиа план.

За документарците кои МРТВ ги правел во копродукција со продуцентски куќи.за серијал се трошеле од 100 илјади до 400 илјади евра, а вкупно за оваа намена биле одвоени околу 2,2 милиони евра.

Репортери без граници во последниот извештај ја критикуваат Македонија поради неспроведените реформи во радиодифузната дејност. Во оценката на оваа организација се вели:. Две години по промената на власта во 2017, сѐ уште ја нема ветената реформа на законот за радиодифузна дејност. Јавниот сервис затоа и натаму известува еднострано, во полза на поранешната владејачка партија. Реформи им се неопходни и на регулативата за клевета и за слободата на информирање.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите.

Студентите кои протестираат против војната меѓу Израел и Хамас на универзитетите низ САД денеска ветија дека ќе продолжат со демонстрациите, а професорите ги осудија претседателите на универзитетите кои повикаа полиција да ги отстрани демонстрантите од кампусите.

Додека Универзитетот Колумбија продолжува да преговара со пропалестинските демонстранти, советот на универзитетот во петокот усвои резолуција за формирање работна група за истрага на раководството на администрацијата, која минатата недела ја повика полицијата да ги евакуира студентите, што резултираше со застој и повеќе од 100 приведени.

Полицијата привела околу 100 луѓе денеска наутро во обид да го расчистат пропалестинскиот протестен камп на Нортистерн Универзитетот во Бостон поради антисемитски навреди, соопштија од НВУ.

Акцијата беше преземена откако демонстрантите кои прибегнаа кон „вирулентни антисемитски навреди, вклучително и „Убиј ги Евреите“, ја преминаа границата“, се вели во соопштението на универзитетот на Х.

Иако универзитетот постојано поставуваше, а потоа ги одложуваше роковите за отстранување на кампот поставен од демонстрантите, универзитетот испрати е-пошта до студентите во петокот вечерта во која се вели дека враќањето на полицијата во кампусот во овој момент би било контрапродуктивно, јавија американсккте медиуми.

притисни ентер