Апелите според портпаролот Марјан Јосифоски, доаѓаат во период кога во полн ек се свадбените и други семејни свечености на кои непосредно или посредно се случија и повредувања од огнено оружје.

- Пукањето е спротивно на Законот против јавниот ред и мир и глобата за овој вид прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. Зависно од околностите и крајните последици, пукањето може да претставува и кривично дело за кое е предвидена и затворска казна од една до пет, односно десет години, подвлекува Јосифоски.

Од СВР Тетово, нагласуваат дека треба да се води сметка и да не се доведе во прашање безбедноста на животот на присутните при огранизрањето на семејните веселби.

- Сакаме уште еднаш да им укажеме на граѓаните од Полошкиот регион дека огнометите задолжително треба да ги пријавуваат во најблиските полициски станици или одделенија, на подрачјето на кое се организираат, а нивните организатори однапред да ги применат сите законски предвидени заштитни мерки, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Секторот за внатрешни работи Тетово веќе ги засили контролните, превентивни и други активности за навремено откривање и санкционирање на свадбените и други нарушувања на јавниот ред и мир. /МИА

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 13:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар