„Ако децата ви се немирни, ставете ги во вода“

Шоканти совети на една мајка кои го разбрануваа Интернетот! 

Родителството е најголема среќа, но и голем предизвик. Многу родители се жалат дека немаат доволно време за себе, но еве решение.

Да се биде мајка на двегодишно или тригодишно дете воопшто не е лесно. Децата на оваа возраст се многу љубопитни, а мајките на сите начини се обидуваат да ја задоволат нивната љубопиност и да ги заштитат од евентуални повреди.

Една мајка на еден форум на Интернет го поделила своето искуство и совети што можат да им помогнат на родителите. Ова се нејзините 5 клучни совети како полесно да смирите мало дете.

Затворете ја ве-це школката

Еден од советите на оваа мајка е ве-це школката секогаш да ја држите затворена за да избегнете несакани ситуации, како што е фрлање вредни работи во тоалетот. Оваа жена имала непријатно искуство кога нејзината ќерка ја испразнила нејзината кутија за накит во ве-це шолјата.

2. Пластелинот е ваш најдобар пријател

Пластелинот е ваш пријател, но не можете да ги спречите да го пробаат, и тоа повеќепати. Уште еден совет на оваа мајка е да го прифатите фактот дека децата сакаат да го проучуваат светот околу себе и честопати пробуваат различни нешта, вклучувајќи го и пластелинот. Важно е да сфатите дека тоа е процес од нивно учење и сознавање, а токму со пластелинот децата поминуваат најдолго време.

3. Ако се тврдоглави или раздразливи, ставете ги во вода

Оваа необична техника за смирување деца може да ви звучи чудно, но според оваа мајка, функционира. Таа истакнува дека ова решение го применила повеќепати и дека дало позитивни резултати.

4. Ние ја создаваме нивната реалност

Децата веруваат во секој збор што ќе го кажеме. Одвреме-навреме, на пример, кога брзате или доцните на лекарски преглед, може да им кажете дека паркот е затворен, или дека е забрането да се чува миленик дома додека децата не наполнат барем 5 години. Меѓутоа, да се искористува нивната лековерност е сурово.

5. Уживајте во моментот

Конечно, оваа мајка порачува да уживате во моментот. Без оглед на предизвиците што ги носи родителството, важно е да се опуштите и да уживате во малите нешта. Бидејќи, „Родителството е како дожд на сонце, носи најголема среќа и најголема фрустрација, но секој момент е вреден“.

Извор: srecna.republika.rs

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер