Раната дијагноза може значајно да ги подобри шансите за успешно лечење.
Болката во увото обично не е знак на болест која е опасна по живот. Може да биде предизвикана од инфекција, обична настинка, грип или насобирање ушен восок. Сепак, истражувачите дошле до повеќе алармантни информации кои ја поврзуваат оваа непријатна болка со ракот на грлото.
Според Националната здравствена служба (НХС) на Велика Британија, постојаната болка во увото е сериозен предупредувачки знак за оваа болест. Честопати се совпаѓа со болно грло, а лекарите велат дека овие две работи се поврзани. Иако болката доаѓа од грлото, истата се чувствува и во увото поради тоа што нервите во главата и вратот се испреплетени.
Тој нерв е познат како Арнолдов нерв и е задолжен за осетот во самото уво. А, кога имате нешто што предизвикува болка во грлото, таа болка се чувствува и во увото.
Сепак, ако болката трае подолго од три дена, најдобро е да се обратите кај лекар.
Други симптоми на рак на грло
Останатите симптоми на ракот на грлото може да вклучуваат грутче или оток на вратот, долготрајно кашлање, зарипнатост, која трае подолго од три недели, недостаток на здив, потешкотии при голтањето, како и бронхијална опструкција која се повторува, позната како свирење во белите дробови.
Важно е да бидете свесни за овие потенцијални знаци на рак на грлото и да побарате медицински совет ако некој од овие загрижувачки симптоми продолжува. Раната дијагноза може значително да ги подобри шансите за успешен третман.
Извор: srecna.republika.rs