Иванов во италијанскиот Сенат: Со недобивањето датум за почеток на преговорите за Македонија и Албанија, Балканот влегува во нова неизвесност

Поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска во италијанскиот Сенат имаше свое обраќање на сесијата посветена на иднината на Европа.

Со сесијата претседаваше поранешниот министер за надворешни работи на Италија и поранешен еврокомесар, Франко Фратини. Во обраќањето, претседателот Иванов се осврна на актуелните настани во Европа и нејзиното опкружување, како и на последните случувања во регинот во контекст на неговата европска перспектива.

Според поранешниот македонски претседател, со недобивањето датум за почеток на преговорите за пристапување на Македонија и Албанија кон ЕУ, Западниот Балкан влегува во нова неизвесност.

"Процесот на проширување на ЕУ на Западен Балкан долго време се сметаше за најдобра, но и најуспешна европска политика", рече Иванов додавајќи дека наместо ветената политичка стабилност и економскиот просперитет, повеќе земји од Балканот, поради спротивставените интереси на големите сили, може повторно да генерираат трајна нестабилност.

Иванов нагласи дека актуелните настани во Европа и нејзиното опкружување укажуваат дека мноштво конфликти тлеат под површина и дека иднината на Европа станува се повеќе непредвидлива.

„Брегзит, радикализмот, екстремизмот, тероризмот, ксенофобијата, исламофобијата... се само симптоми, а не причини за актуелните состојби во Европа. Бизмарк очигледно свесен за тогашните состојби и ривалства во Европа на 19 век ќе искаже едно пророштво кое и ќе се оствари. Според него големата војна ќе почне поради "некоја глупава работа на Балканот". Такви глупави работи сега не се само на Балканот туку и на многу други места во Европа", рече поранешниот македонски претседател.

Осврнувајќи се на безбедносните ризици во контекст на поширокиот регион односно европското соседство, Иванов порача дека многу позагрижувачки од односот на ЕУ кон Западен Балкан е односот на ЕУ кон Блискиот Исток и арапскиот свет и тој треба да се промени.

"Мисијата на ЕУ за 21 век е да промовира напредок и стабилност, балансиран стопански и социјален развој, сочувување на различноста на народите во Европа. Чување и негување на нејзините вредности, како што се почитување на човековите права, социјална пазарна економија, одржив развој, здрава животна средина. Дали ќе успее во тоа или ќе стане жртва на алчни интереси меѓу моќните членки на европското јадро, зависи од храброста на нејзините лидери да ја позиционираат Европа како геополитички актер во 21 век.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествува на 19-тиот Состанок на високо ниво на Меѓународниот центар Низами Ганџави кој се одржува во Рим, на тема: Слобода од насилство: Мир, безбедност и превенција на конфликти во развојната агенда 2030.

Иванов присуствуваше и на аудиенција кај неговата светост Папата Франциск, како и на прием кај претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела кои беа организирани за учесниците на овој состанок.

Тој му изрази благодарност на Папата Франциск за неодамнешната посета на Македонија, како и за неговото писмо упатено до поранешниот претседател Иванов, во кое папата Франциск го изразува своето задоволство што посетата беше реализирана на најдобар можен начин.

Папата Франциск уште еднаш му се заблагодари на Иванов за можноста да имаат содржајни разговори за време на неговата посета, како и на македонскиот народ и држава за укажаното гостопримство.

На средбата со претседателот Матарела, Иванов се заблагодари за континуираната поддршка што Италијанската Република, како и тој лично и ја дава на Македонија и регионот, а особено за неговата активна улога за време на состаноците на иницијативата Брдо Бриони процес.

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер