Израел продолжува со третата „бустер" доза од вакцинацијата и покрај препораката на СЗО

Претседателот Исак Херцог и лидерот на опозицијата, Бенјамин Нетанјаху, ја добија третата „бустер" доза за зајакнување на имунолошкиот систем, бидејќи делта верзијата на вирусот што се шири во моментов е позаразна од другите.

Израел му прави „голема услуга" на светот со испитување на ефикасноста на третата доза од вакцинација против Ковид-19 врз дел од своето население, изјави израелскиот премиер Нафтали Бенет, и покрај повикот на Светската здравствена организација (СЗО) за мораториум на таквиот третман.

Додека западните земји настојуваат да вакцинираат што е можно повеќе од своето население со две дози на вакцината против коронавирус, Израел од минатиот петок почна кампања за вакцинирање на лицата над 60 години со трета доза, главно од „Фајзер"/ „БиоНТек".

Претседателот Исак Херцог и лидерот на опозицијата, Бенјамин Нетанјаху, ја добија третата „бустер" доза за зајакнување на имунолошкиот систем, бидејќи делта верзијата на вирусот што се шири во моментов е позаразна од другите.

Првиот човек на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во средата повика на прекин на вакцинацијата со трета доза, со цел да се остават вакцини за земјите кои вакцинирале само мал дел од својата популација.

Израелската Влада вчера не издаде соопштение како одговор на СЗО, но премиерот Бенет, одговарајќи на новинарски прашања ја бранеше одлуката на неговата влада да продолжи со „бустер" дозата.

-Ние не го правиме ова само за нас. Ние сме, од една страна, мала земја, така што нема да влијаеме врз светските залихи од вакцини (…), а од друга, ќе добиеме корисни информации и веднаш ќе ги споделиме со остатокот од светот, рече тој.

„Без нас, светот не би знаел ништо за ефикасноста на ревакцинацијата (…), затоа ние на остатокот од светот му правиме голема услуга", додаде израелскиот премиер.

Од почетокот на новата кампања за вакцинација, повеќе од 262.000 Израелци над 60-годишна возраст, или 21 отсто од оваа возрасна група, ја добија третата доза, соопшти Министерството за здравство.

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Иако за една недела има намалување на бројот на ново заболени со голема кашлица, докторите и денеска на одбележувањето на европаската недела на измунизација едногласни во поракта до родителите, навреме да ги вакцинираат совите деца. 

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, изминатата недела регистирирани се 27 нови случаи со пертусис, и четири нови хоспитализации, а најголем број од новозаболените се на возраст од 10 до 14 години. Заклучно со 25 април, во државава се регистрирани вкупно 516 случаи.

Иако според последните податоци од здравствените власти, има раст во бројот на вакцинирани деца со речиси сите вакцин, докторите велат далеку сме од препорачаните 95 % на имунизација на национално ниво.

„Прв пат од ваков тип теренска вакцинација каде се вклучени сите здравствени домови и се планира да посетат повќее од 3 000 семејства, фокусот е даден на вакцинација со вакцини кои имаат копмонента на пертусис, поради зголемениот број моментално со голема кашлица. Како и за вакцини со МРП вакцина, бидејќи станува збор за едно заразно заболување а за жал имаме далеку од потребниот опфат од вакцинација... “-изјави Бранка Величковска Тенева – министерство за здравство.

Со порака родителите навреме да ги вакцинираат своите деца, со цел создавање на колективен имунитет испратија и од УНИЦЕФ. Велат земјата мора да оди напред во процесот на имунизација, а граѓаните да внимаваат какви информации добиваат.

Граѓаните велат не дозволиво е во 21 век да имаме епидемија за болест за која имаме вакцина.

По прогласувањето на епидемија на голема кашлица на територија на Скопје, здравствените власти препорачаа во градинките се примаат само деца кои изминативе шест месеци имаат примено три дози од Ди Те Пер вакцината, под услов во следните 6 да примат и ревакцина. Но согласно насоките на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, оние деца кои имаат закажан термин за ревакцина по истекот на 6 месечниот период и натаму не смеаат да посетуваат градинка, мора да ја чекаат ревакцината.

Варан го напушта Манчестер јунајтед

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Дефанзивецот Рафаел Варан е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед на крајот од сезоната кога ќе му истече актуелниот договор, а клупското раководство е сè поблиску до одлука да му дозволи на 31-годишниот фудбалер да си замине како слободен играч на лето, пренесува денеска Би-Би-Си.

Варан е дел од Манчестер Јунајтед од 2021 година, кога дојде како засилување од Реал Мадрид.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг, вчера изјави оти се надева дека дефанзивецот ќе биде подготвен за настап за денешниот домашен натпревар против Барнли во 35. коло од Премиер лигата.

Јунајтед е шестопласиран на табелата во Премиер лигата со 53 бодови.

Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри

 Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада.

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека очекува во следните 48 часа, седница на Претседателството на Српската напредна странка, на која нејзиниот претседател Милош Вучевиќ би презентирал кого предлага за министри во новата Влада.

Рокот за нејзино избирање во Собранието е 6 мај, така што ќе работиме следната недела, изјави таа, пренеесе Бета.

Според неа, Србија ја чекаат големи и тешки битки за националниот интерес и претстои „тежок мај“.

притисни ентер