Јапонија сака да стане петтата земја што слетала на Месечината

Лансирањето доаѓа неколку недели откако Индија стана првата земја што ја спушти сондата Викрам на Јужниот пол на Месечината.

Со лансирањето на Лунарниот снајпер, Јапонија сака да стане петтата земја што слетала вселенско летало на природниот сателит на Земјата, јавува денеска Ројтерс, додавајќи дека ова лансирање ќе ја тестира технологијата за слетување со цел понатамошен развој на вселенската програма.

Лансирањето доаѓа неколку недели откако Индија стана првата земја што ја спушти сондата Викрам на Јужниот пол на Месечината, предизвикувајќи изливи на национална гордост и истакнувајќи нова вселенска трка во која учествува и приватниот сектор.

Мисијата на Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA) е закажана за утре. Ракетата H-IIA, која го носи паметниот лендер за истражување на Месечината (SLIM), наречен Лунарен снајпер, ќе се подигне од вселенскиот центар Танегашима во јужна Јапонија, соопшти Mitsubishi Heavy Industries (MHI). MHI ги произведува ракети H-IIA.

SLIM е мал и лесен уред со висина од 2,4 метри, ширина од 2,7 метри, должина од 1,7 метри и тежина од околу 700 килограми.

Лунарниот снајпер треба да слета на површината на блиската страна на Месечината, во близина на лунарната рамнина Маре Нектарис.

Мисијата има за цел да слета лесно, евтино вселенско летало на Месечината на 100 метри од планираното место за слетување, користејќи напреден визуелен систем за навигација.

Мисијата вредна 100 милиони долари треба да стигне на Месечината до февруари.

Нивниот прв обид за спуштање не успеа

Јапонската вселенска програма е една од најголемите во светот, но нејзиниот прв обид да слета лендер на Месечината не успеа во ноември 2022 година, а нов тип ракета експлодираше за време на тест минатиот месец. Надежите на JAXA сега се насочени кон паметниот лендер за истражување на Месечината.

Јапонија исто така се обиде да ја приземји лунарната сонда Омотенаши минатата година, носена од вселенското летало на НАСА Артемис-1, но мисијата тргна наопаку и контактот беше изгубен.

Јапонија, исто така, имаше проблеми со лансирање возила, со неуспешното лансирање на следната генерација H3 во март и обично доверливата ракета со цврсто гориво Epsilon минатиот октомври.

Во јули, тестирањето на ракетата Epsilon S, подобрена верзија на Epsilon, заврши со експлозија 50 секунди по лансирањето.

Извор: Индекс.хр

Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес

 Демократскиот сојуз денеска ќе го одржи седмиот Конгрес.

Како што информираат од партијата, на Конгресот што ќе се одржи во хотел „Александар Палас“ се очекува да биде усвоен Повик до граѓаните да се вклучат во промените, како и врвни и стратешки приоритети на ДС за наредниот период.

Ирак ги криминализираше хомосексуалните врски; максимална казна до 15 години затвор

Ирачкиот парламент синоќа усвои закон со кој се криминализираат хомосексуалните односи и трансродовите лица, со казни кои можат да изнесуваат и до 15 години затвор.

Законот е донесен по првата верзија, која предвидуваше смртна казна.

Веднаш реагираше меѓународната невладина организација Амнести интернешенел, која го критикуваше „кршењето на основните човекови права“, оценувајќи дека усвоените амандмани „ги загрозуваат Ирачаните кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Тие амандмани, со кои се менува законот против проституција од 1988 година, беа усвоени на седница на која присуствуваа 170 пратеници од вкупно 329, соопшти прес-службата на ирачкиот парламент.

Новиот закон предвидува казни од десет до 15 години затвор за хомосексуални односи, како и за размена на сексуални партнери (свинг) во хетеросексуални односи.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, со седумгодишна затворска казна за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот, исто така, забранува „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова транзиција.

Слична казна е предвидена за секој маж чие однесување се смета за женствено.

Ирачкото општество ја отфрла хомосексуалноста, а малата ЛГБТ+ заедница често е цел на „киднапирање, силување, тортура и убиства“ од вооружени групи кои остануваат неказнети за нивните злосторства, се вели во извештајот на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч од 2022 година.

Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ и ги повика украинските партнери да не губат време за да испратат „одлучен сигнал“ до Русија.

Секако, им благодарам на сите партнери кои веќе ни помогнаа со испраќање на системи за противвоздушна одбрана, од кои секој е неопходен за заштита на човечки животи. Важно е сите нови договори со партнерите за зајакнување на нашата противвоздушна одбрана, која веќе постои, да профункционираат што побрзо. На Украина и требаат седум системи за противвоздушна одбрана, тоа е минимумот, рече Зеленски, пренесува „Украинска правда“.

„Не смееме да губиме време, треба да испратиме одлучувачки сигнал“, рече Зеленски и посочи дека за време на вчерашниот масивен руски ракетен напад со 34 проектили, „непријателот таргетирал различни објекти на енергетската инфраструктура - објекти за транзит на гас и објекти од електроенергетскиот систем".

Тој додаде дека, меѓу другото, безбедноста на снабдувањето на Европската Унија зависи од овие транзитни капацитети на гас.

притисни ентер