Клучни аспекти од екотерапијата и техники за нејзино споведување

Помага при стрес, го зајакнува менталното здравје

Еко терапијата или зелената терапија е нова технологија развиена од Теодор Рожак, таа произлегува од верувањето дека нашата психа не е изолирана. Екопсихологијата нуди можност луѓето да го истражат својот однос со природата.

Многу лекари кои практикуваат екотерапија веруваат дека Земјата има способност за самоисцелување што функционира преку сложени системи на интегрирана рамнотежа и дека, ако луѓето се прилагодат на овие системи, тие можат да доживеат подобрување на менталното здравје. Личната и планетарната благосостојба, според екотерапијата, не се одвоени една од друга, па животите на луѓето се гледаат како дел од еден поголем систем на интеракција.

Природата и менталното здравје

Екотерапијата се заснова на идејата дека луѓето се поврзани со природата и се под нејзино влијание. Сè поголем број истражувања ги истакнуваат позитивните придобивки од поврзувањето со природата. Корисните ефекти на природата не се само резултат на она што луѓето го гледаат, туку и она што го доживуваат со другите сетила.

На пример, во едно неодамнешно истражување, учесниците побргу закрепнувале од психолошки стрес кога биле изложени на звуците на природата (фонтана и чврчорење на птици) отколку кога биле изложени на бучава од патниот сообраќај. Во друга студија, мирисот на храната и овошјето што го вдишувале пациентите во болницата довел до намалување на депресивното расположение.

Екотерапевтски активности и техники

Некои екотерапевтски активности се изведуваат под водство на терапевт, додека други се изведуваат поединечно. Некои интервенции се изведуваат во групи, додека други еден на еден. Иако некои екотерапевтски сесии се одржуваат во канцеларија, често се прави напор сесиите да се одржуваат во природно опкружување. Некои од вообичаените активности на екотерапијата се опишани подолу.

Медитација на природа: Оваа медитација се одвива во природна средина, понекогаш се изведува како групна терапија. Членовите на групата можат да идентификуваат нешто во природата што им се допаѓа и потоа да поминат неколку минути размислувајќи како овој аспект на природата се однесува на нив и што можат да научат од него. На пример, една постара личност која се бори со чувството на безвредност може да развие поголема самодоверба по медитацијата за тоа како постарите дрвја во шумата обезбедуваат засолниште за птиците и сенка за помладите растенија. Активноста обично завршува со тоа што членовите на групата го споделуваат она што го научиле.

Хортикултурна терапија: Употребата на растенијата и активностите во градината може да се користат за унапредување на благосостојбата. Активностите може да вклучуваат копање земја, садење садници, плевење и кроење на градинарски култури. Овие активности се препорачуваат во случаи на стрес, исцрпеност и злоупотреба на супстанции, како и во случаи на социјална изолација меѓу постарите лица.

Терапија со помош на животни: Во терапијата со помош на животни, едно или повеќе животни се воведуваат во процесот на лекување. Некои истражувања покажале дека, на пример, галењето или играњето со милениче ја намалува агресивноста и анксиозноста кај некои популации.

Физички вежби во природна средина: Ова може да вклучува активности како пешачење, трчање, возење велосипед или јога во парк. Овие видови активности поттикнуваат зголемена свест за природниот свет и понекогаш се препорачуваат за намалување на стресот, анксиозноста, депресијата и гневот.

Ангажирање во активности за зачувување на природата: Чинот на обновување или зачувување на природната средина може да помогне во создавањето чувство за надеж или цел. Обично, оваа активност се изведува во група, па помага да се развие чувството на припадност и поврзаност, а истовремено го подобрува расположението, пишува „Гуд Терапи“.

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.

Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.

Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.

Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.

АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.

Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути.

притисни ентер