МВР: Пронајдена е 6 годишната Александра која 2 години ја криеле од мајка и

По 2 години откако била одземена од нејзината мајка, 6 годишната Александра е пронајдена во такси во Маврово, со нејзината баба.


Полицијата ја пронајде малечката Александра Бошњаковска во Маврово.

Откако прво ја барале во реонот на Македоснки брод, околу 22часот и 30 минути полициска патрола кај Маврови Анови сопрела такси возилото во кое се првезувала Александра со нејзината баба. Девојчето било предадено на Центарот за социјални работи велат од МВР.

Полицијата вчера поднесе кривични пријава за две кривични дела - одземање малолетник и запуштање и малтретирање на малолетно лице против таткото, дедото, бабата и чичкото на Александра.

Од кривичниот суд потврдуваат дека им е одредена мерка 30 дена притвор на дедото, пензиониран врховен судија Александра Бошњаковски и таткото Стефан Бошњаковски, кој засега е недостапен и мерката ќе му биде активирана по неговото пронаоѓање.

За нив двајца од претходно има подигнато обвинение и следната недела ќе започне судски процес. Од судот потврдуваат дека со обвинението имало преквалификација на делото - со првичната пријава се товарат за кривично дело одземање малолетник став 1 (дека го одзеле и криеле на непознато место) но со обвинението делото е преквалификувано во став два кој е построг бидејќи во него се зема предвид и доколку на малолетното лице му е загрозено воспитувањето и школувањето. Став еден од овој член предвидува парична казна или затвор до 3 месеци а став два од 3 месеци до 3 години затвор.

Девојчето е цели две години разделено од својата мајка откако насилно и било одземено. И покрај судското извршено решение со кое старателството и припаѓа на мајката таа била спречувана да ја добие назад својата ќерка.

Во полицискиот билтен за овој случај МВР ги соопштува следните детали:

На 04.09.2013 година околу 22,30 часот, кај населено место Маврови Анови припадници на МВР го пронајдоа малолетното 6 годишно девојче по кое се трагаше. Инаку МВР во врска со овој настан веќе поднесе кривична пријава против С.Б.(41), А.Б.(66), С.Б.(64) и М.Б.(38), сите од Скопје за сторени две кривични дела „одземање на малолетник“ и „запуштање и малтретирање на малолетно лице“. Во јули 2011 година, додека Т.Б., инаку поранешна сопруга на С.Б. била во Р Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на С.Б., А.Б. и неговиот брат М.Б. и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Р Македонија. По ова, мајката на С.Б., заедно со останатите членови го криеле девојчето на различни локации во Скопје, постапувајќи спротивно на правосилната судска пресуда со која девојчето и било доделено на Т.Б. Имено, по добиениените информации дека малолетното дете се наоѓа на подрачје на Македонски Брод, по превземени мерки и активности, околу 22.30 ч. од страна на полициските патроли кај населеното место Маврови Анови сопрено е такси возилото во коешто биле малолетното дете и неговата баба С.Б. за кои претходно се распишани потерници за пронаоѓање на лица .

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.

Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.

Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.

Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.

АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.

Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути.

притисни ентер