Најскапата регистарска табличка е продадена за 15 милиони долари (ВИДЕО)

Покрај автомобилите, денес се исплати да се тргува и со некои други артикли поврзани со автомобили, како на пример, регистарски таблички.

Речиси секоја година сме сведоци на рекордни суми платени за парче метал што завршува со специјален автомобил. Но, за работите да бидат побизарни, милионите што се плаќаат за таквите таблички се редовно повисоки од вредноста на самите автомобили, без разлика колку се скапи.

Многумина ќе се сеќаваат на екстремниот, стариот Volvo V70 кој се продаде за 20 милиони долари благодарение на њујоршката регистарска табличка. Патем, непишано правило е дека плочките со помалку знаци редовно даваат најдобри резултати на аукциите и достигнуваат милиони.

Една таква се појави неодамна на аукција во Дубаи. Минатата година, хуманитарната аукција „Најблагородните броеви“ беше обележана со табличката „АА8“, која постигна цена од речиси десет милиони американски долари. Годинава повторно се одржа аукцијата, а највисока цена постигна табелата „П7“ – дури 15 милиони американски долари. Ова го собори рекордот од 2008 година, кога Саид Абдул Гафар Кури плати околу 14,2 милиони американски долари за плочката „1“.

Добрата вест е што средствата се исплаќаат за добротворни цели, а не се сомневаме дека на аукцијата ќе се појави еднакво посакувана плочка и следната година. И ќе се продаде.

За потсетување, на листата на познати регистарски таблички кои достигнаа рекордни суми се „ММ“ од Калифорнија и „Ф1“ од Велика Британија. Во Австралија рекордната цена постигна табличката „4“, додека неименуван купувач во Хонг Конг платил 3,2 милиони американски долари за табличката „Р“.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

Отворен нов Тинекс маркет во општина Илинден

По повод годинешниот 30-годишен јубилеј, Tинекс отвора уште е неколку нови маркети.

Денеска беше пуштен во употреба маркетот во скопската општина Илинден.

Лукаревска: И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе

И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од социјалдемократските вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, за сигурна и безбедна иднина.

“Денеска е 27 април, точно седум години од "крвавиот четврток" во македонското собрание.

Слободата и демократијата што ја имаме и живееме во изминатите седум години имаат своја цена. Сите големи успеси на СДСМ и на сите прогресивни граѓани имаат висока цена, ама вредеше, некои работи не смеат да се заборават, за да не се повторат. Затоа ние остануваме со граѓаните, со сите вас кои што верувате во единствениот исправен пат за државата, во членството во Европската Унија како најцврста гаранција за сигурна и безбедна иднина. Само заедно можеме да ја оствариме таа цел, зашто е наша, заедничка”, изјави носителката во третата изборна единица, Сања Лукаревска.

Лукаревска истакна дека СДСМ е голема, силна партија, која што секогаш донесувала правилни одлуки за сигурна иднина на државата.

“Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал- демократски вредности за слобода, правда, еднаквост и просперитет за сите граѓани, без поделби и раздор, без крвави сценарија. Ние веруваме во заедничка, подобра, европска иднина за сите граѓани. И на 8 мај, и по 8 мај, ќе покажеме и докажеме дека СДСМ има луѓе кои никогаш нема да отстапат од нашите вредности, ги браневме и ќе продолжиме со истата посветеност, за нас нема друг пат. Да продолжиме заедно, да покажеме одлучност, можеме, како и пред седум години, заедно со сите прогресивни граѓани за сигурна и безбедна иднина”.

изјава од носителот на ИЕ3 Сања Лукаревска

притисни ентер