Шест интернет компании станаа „дигитални чувари“ на ЕУ

Европската комисија денеска согласно Законот за дигитални пазари (ДМА) ги именува компаниите „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“, „Мета“, „БајтДенс“ и „Мајкрософт“ за т.н. „дигитални чувари“.

Компаниите имаат обврска да обезбедат поврзаност помеѓу бизнисите и потрошувачите преку онлајн услуги.

Согласно оваа одлука, шесте компании имаат рок од шест месеци, до март 2024 година, целосно да се усогласат со одредбите на ДМА за да се спречи да ја злоупотребуваат својата пазарна моќ, да не наметнуваат нефер услови за бизнисите и крајните корисници и да обезбедат отвореност до важните дигитални услуги.

Со денешната одлука како портали за „услуги на основна платформа“ во сферата на „социјални мрежи“ се определени „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на „Мета“, „ТикТок“ на „БајтДенс“ и „Линкедин“ на „Мајкрософт“, во делот на „услуги за размена на пораки“ – „Ватсап“ и „Месинџер“ на „Мета“, за „споделување видео содржини“ – „Јутјуб“ на „Алфабет“, во „посредување“ –„Гугл Плај“, „Гугл Мапс“ и „Гугл Шопниг“ на „Алфабет“, „Епл Стор“, „Амазон Маркетплејс“ и „Мета Маркетплејс“, кај „реклами“ – „Гугл“ на „Алфабет“, „Амазон“ и „Мета“, кај „прелистувачи“ – „Сафари“ на „Епл“ и „Хром“ на „Алфабет“, кај „оперативни системи“ – ИОС на „Епл“, „Гугл Андроид“ на „Алфабет“ и „Винодус Пи-Си Оу-Ес“ на „Мајкрософт“ и кај „пребарувачи“ – „Гугл Срч“ на „Алфабет“.

Во однос на „Џимејл“ на „Гугл“, „Аутлук“ на „Мајкрософт“ и „Самсунг Интернет Броузер“, Еврокомосијата реши дека не се квалификувани за „дигитални чувари“ иако ги исполнуваат условите од ДМА, но „Алфабет“, „Мајкросфт“ и „Самсунг“ дале „доволно оправдани аргументи“ дека овие услуги не се адекватни како портали за соодветни услуги на основна платформа.

За да бидат „дигитални чувари“ платформите треба да имаат најмалку 45 милиони активни месечни корисници од земјите членки на ЕУ и промет од најмалку 7,5 милијарди евра во последните три финансиски години или пазарна капитализација од 75 милијарди евра. Тие, исто така, треба да обезбедат можност на бизнисите да стигнат до крајните корисници, да имаат „значително влијание“ врз деловниот сектор на ЕУ и „вкоренета и одржлива позиција“ на нивните пазари.

Дополнително, Европската комисија реши да започне истраги за да ги процени тврдењата дека услугата „АјМесиџ“ на „Епл“ и за „Бинг“, „Еџ“ и „Адвертајсинг“ на „Мајкрософт“ не ги исполнуваат предвидените услови. Рокот за спроведување на истрагите е пет месеци.

Исто така, отворена е и истрага за понатамошна проценка дали „АјПадОС“ на „Епл“ треба да биде „дигитален чувар“, иако не ги исполнува критериумите. Рокот за оваа истрага е 12 месеци.

Според Законот за дигитални пазари, Еврокомисијата има овластување како „дигитални чувари“ да назначи и компании што не ги исполнуваат пропишаните критериуми со цел да спречи создавање на „тесни грла“ во дигиталниот сектор, но исто така и да спроведе пазарни истраги за тоа дали се почитуваат одредбите.

Еврокомисијата посочува дека ќе го следи ефективно спроведувањето и усогласувањето со предвидените обврски и ако се утврди дека некоја од избраните платформи не ги почитува правилата, може да им изрече казна до 10 отсто од вкупниот промет во глобални рамки. Ако се утврди повторување на прекршоците, казната може да достигне и до 20 проценти од вкупниот промет, а доколку се констатираат систематски прекршоци можни се изрекување и други правни лекови, како забрана за вршење услуги или целосна или делумна продажба на платформата.

Целта на Законот за дигитални пазари, кој стапи во сила од ноември 2022 година, а почна да се применува од мај 2023 година, е да обезбеди фер пазарни услови во дигиталниот сектор. /МИА

Фото: Сексипилната сопруга на поранешниот втор пик на НБА драфт, контроверзниот Миличиќ

Најдобро рангираниот кошаркар од овие простори на некој НБА драфт, српскиот центар Дарко Миличиќ пред скоро две децении беше избран од Детроит од втората позиција.

Иако сите очекуваа тој да направи завидна кариера во најсилната лига сепак тоа не се случи. Контроверзниот Дарко наместо по игрите во дресот на Детроит на кошаркарскиот терен беше запаметен по неговите екцеси и испади.

Поранешниот центар на Детроит сега живее мирен живот на огромниот имот во близина на Нови Сад во Србија и многу често се појавува во балканските медиуми каде раскажува за своите инциденти. За како што тој самиот вели „глупостите што ги правел и за трошењето пари на скапи автомобили“.

„Лудиот “ Дарко дури влезе во во рингот за да се проба и во боксот???.

Но на јавноста и е интересна и сопругата на Дарко, атрактивната Зорана Миличиќ.

Сопругата на Дарко Миличиќ, кој неодамна во големо интервју зборуваше за „глупостите што ги правел“ и трошењето пари на скапи автомобили „за да биде забележан“, објави серија предизвикувачки фотографии на Инстаграм.

Зорана која на Дарко му роди два сина и една ќерка, е вистинска спортистка и многу активно се занимава со фитнес и екстремни спортови, поради што има истакнати стомачни мускули и тело на кое би позавиделе двојно помладите девојки.

На Инстаграм ја следат повеќе од 100 000 следбеници кои се воодушевени од нејзиниот изглед и од нејзиното совршено тело.

Дарко заработи милиони настапувајќи за НБА екипите на Детроит, Минесота и Бостон иако не ги достигна височините кои од него се очекуваа, кои сега му обезбедија мирен и луксузен живот заедно со една од најубавите и најатрактивни соприуги на некој спортист од Балканот, велат воодушевените следбеници на Зорана.

Скопје одржа свечена празнична поворка по повод празникот на Лазаревото Воскресение

Сите случајни минувачи со воодушевување и се приклучуваа на поворката.

Голем број деца, заедно со своите родители ја започнаа својата музичка обиколка од Плоштад „Македонија“, продолжувајќи кон Градскиот Трговски Центар па се до Diamond Mall. Со пеење, свирење на традиционални инструменти и весели гранчиња во рацете, ги ослободија срцата на секој случаен минувач.

Ова музичко патување, воедно и вистинско празнично изкуство, не само што означи почетокот на Воскресението Христово, туку ги исполни сите со радост и веселие, истакнувајќи го духот на православните празници.

Пеењето на најрадосните каланди, што се одржа во Скопје, Кичево и Реканскиот крај, во најсоодветен дух го најави најголемиот православен празник - Воскресението Христово.

Видео: Новак Ѓоковиќ ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Најдобриот и најтрофејниот светски тенисер во историјата, мегапопуларниот  Новак Ѓоковиќ, неодамна по петти пат во кариерата ја освои престижната награда Лауреус наменета за најдобриот светски спортист.

По тој повод Новак доби интересно прашање.

Имено, на изјавата дека „многу се зборува за тоа дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд“, односно по конкретното прашање „Дали си ти следниот Џејмс Бонд?“, славниот Ноле изјави:

- Дали сум јас? Зарем не е очигледно? Не знам зошто им требаше толку време, но ако ова е официјална понуда - подготвен сум! Го сакам мојот лик на Новак Ѓоковиќ, мислам дека уживам во него, се забавуваме, но веројатно би го оставил Новак за Џејмс Бонд. Мислам дека е време да ја подигнам мојата актерска кариера на повисоко ниво – изјавил Ноле со насмевка на лицето.

https://www.instagram.com/reel/C6LUlS5NUCp/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

притисни ентер