Георгиева: МЗ ќе ги информира Владата и ФЗО за корекции на платата на специјализанти

МЗ ќе испрати информација до Владата и до ФЗО од од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, информираше дека на денешната средба во Министерството за здравство им било кажано дека МЗ ќе испрати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец да биде коригирана платата на приватните специјализанти.

- Бевме примени од страна на советници на министерот, тој присуствувал на друг настан во соработка со СЗО. Еден од советниците беше правен советник и ја извлековме одлуката, врз која всушност се исплаќаат надоместоците за приватните специјализанти од 2018 гоодина. И во неа, како одлука на Влада, децидно стои дека платата на приватните специјализанти треба да е во висина на плата на општ доктор за дадена година. Ни беше ветено дека МЗ ќе прати информација до Владата и до ФЗО, да постапуваат согласно веќе донесените одлуки и веќе од наредниот месец, да биде коригирана платата на приватните специјализанти - да биде на ниво на просечна плата на општ доктор, појасни таа.

Одговарајќи на новинарско прашање, таа додаде дека износот на просечна плата на општ доктор сега е околу 44.000 денари.

- Ние треба да ја земаме таа плата според владината одлука, истакна Георгиева.

Добиле и ветување дека здравственото осигурување веднаш ќе биде воспоставено, односно ќе се пратело информација до јавно здравствените установи оти треба сите на приватна специјализација да бидат здравствено осигурани.

- Околу трансформација на договор на дело - во договор на неопределено, добивме информација дека всушност 1.117 согласности пристигнале од Владата во месец февруари, но, не биле реализирани поради оној мораториум што го налага изборниот период и фактот, дека не можат да бидат отворени конкурси за вработување. Беше дадено ветување за масовни конкурси отворени во јавно здравствените установи по завршувањето на изборниот циклус, а ние дадовме забелешка, баравме да има измена на законот во критериуми за вработување - да биде дадена предност на колегите на специјализација, бидејќи сега таков критериум не постои, да бидат акумулирани сите активни доктори, а потоа нормално сите колеги кои се општи доктори, подвлече таа.

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

Ким Кардашијан на средба со потпретседателката на САД, Камила Харис

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан разговарала со потпретседателка на САД, Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека тркалезната маса ги истакнала напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право.

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои биле помилувани од американскиот претседател Џозеф Бајден претходната недела.

Кардашијан ја посети и Белата куќа и во времето на претседателот Доналд Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа во ноември минатата година, Трамп ја нарече Кардашијан „најпреценетата славна личност во светот“, врз основа на анегдота од неодамна објавената книга на новинарот на ABC News Џонатан Карл, пренесува б92.

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“

 „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

- Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ6 и претседател на Движење Беса.

На новинарско прашање кој кандидат ќе се поддржи во вториот круг од изборот за претседател, Арбен Таравари, истакна дека нема дефинитивна одлука и таа ќе биде донесена во текот на наредните денови.

За можното коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за состав на Влада, Биљал Касами рече дека се подготвени за разговор.

- Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците затоа што сме единствена коалиција која ги претставува Албанците, рече Касами.

притисни ентер