Над половина од жителите на Европа имаат прекумерна тежина, кај нас 55,7 проценти

Над половина од возрасните граѓани во Македонија имаат прекумерна тежина, а „подебели“ во регионот се само Хрватите. 

Ова го покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на Евростат.

Според анализата, 55.7 отсто од луѓето во земјава се справуваат со дебелина, а најголема причина за тоа е внесувањето на висококалорична храна и физичката неактивност.

Лекарите се загрижени што луѓето тешко прават промени во навиките, што дополнително го прави проблемот посложен.

Дебелината е сериозна болест која луѓето мора навреме да ја препознаат, вели доктор Недеска Минова. Дополнително, според неа голем фактор за гојазноста во земјава е што дел од луѓето кои се лекуваат во Центарот за менаџирање со дебелината, во храната гледаат како антидепресив и тешко се одвикнуваат од прекумерното јадење.

Инаку, освен Хрватска и Македонија, над 50% проблем со дебелината има населението и во останатите земји од регионот, со исклучок на Црна Гора.

Статистичкиот портал „Ландгеист“ врз основа на податоците од Евростат излезе и со анлаиза која покажува дека жените во Македонија се меѓу најмладите во Европа при стапување во прв брак, со просоечни 26.6 години. Најмлади се мажат Украинките на 24,9 години, а жените во Шведска, пак, стапуваат во брак просечно на возраст од 34,8 години. Над 30 години се и сите останатие земји од Западна Европа.

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

Ким Кардашијан на средба со потпретседателката на САД, Камила Харис

Најпознатата американска старлета Ким Кардашијан разговарала со потпретседателка на САД, Камала Харис за реформите во кривичното право на тркалезна маса организирана од Белата куќа, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека тркалезната маса ги истакнала напорите на американската администрација кога станува збор за реформите во кривичното право.

Белата куќа на тркалезната маса покани и четири лица кои биле помилувани од американскиот претседател Џозеф Бајден претходната недела.

Кардашијан ја посети и Белата куќа и во времето на претседателот Доналд Трамп.

Во објава на својата социјална мрежа во ноември минатата година, Трамп ја нарече Кардашијан „најпреценетата славна личност во светот“, врз основа на анегдота од неодамна објавената книга на новинарот на ABC News Џонатан Карл, пренесува б92.

Коалицијата „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“

 „Вреди“ во Тетово ја презентираше програмата „План 2030“, ветуваат минимална плата од 800 евра

Нов устав со Албанците како второ мнозинство во државата, прекугранична економска зона со Албанија и Косово, инвестиции од 500 милиони евра за инфраструктура во албанските општини и 800 евра минимална плата се дел од десетте точки на изборната програма „План 2030“ на Коалицијата „Вреди“.

Коалицијата денеска во Тетово ја презентираше изборната програма со која се предвидува и забрана за коцкање и брзи заеми, ослободување на затвореници од монтирани случаи и нивно обесштетување, слободни економски зони за печалбари и за млади, зголемување на пензии, социјална помош и субвенции, како и капитални инвестиции да достигнат до 150 евра по глава на жител.

Десетте точки од „План 2030“ ги презентираа носителите на листите во изборните единици.

- Ние сме сигурни дека ја имаме најдобрата листа, имаме листа која ќе ги направи промените. Исто така, нашата програма се однесува на економскиот развој, интегрирање на државата во Европската Унија, како и на подобрување на меѓуетничките односи, подобрување на правата на албанците кои ги претставуваме. Сигурни сме дека на 8 мај оваа листа, и оваа програма ќе биде победничка и после 8 мај ќе биде дел од владината коалиција, истакна Биљал Касами, носител на листата во ИЕ6 и претседател на Движење Беса.

На новинарско прашање кој кандидат ќе се поддржи во вториот круг од изборот за претседател, Арбен Таравари, истакна дека нема дефинитивна одлука и таа ќе биде донесена во текот на наредните денови.

За можното коалицирање со ВМРО ДПМНЕ за состав на Влада, Биљал Касами рече дека се подготвени за разговор.

- Кажуваме дека сме подготвени да седнеме да разговараме за составување на идната влада со тоа што цениме дека сме единствени претставници на Албанците затоа што сме единствена коалиција која ги претставува Албанците, рече Касами.

притисни ентер