Надлежности на претседателот

 Претседателот на Македонија го изразува државното единство и ја претставува земјата на меѓународната политичка сцена, а своите права и должности ги врши врз основа и во рамките на Уставот и законите.

Претседателот се избира на општи и непосредни избори, со тајно гласање. Претседателскиот мандат трае пет години, почнувајќи од свеченото положување заклетва во Собранието . За претседател на Републиката исто лице може да биде избрано најмногу два пати.

Претседателот мора да биде државјанин на Македонија, на изборите да има најмалку 40 години живот. За претседател на Републиката не може да биде избрано лице кое до денот на изборите не било жител на Македонија најмалку десет години во последните 15 години.

Уставот предвидува кандидат за претседател на Републиката да можат да предложат најмалку 10.000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

За претседател на Републиката е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи.

Ако во првиот круг ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.

Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од завршувањето на првиот круг на гласањето. За избран во вториот круг се смета кандидатот кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, под услов на гласање да излегле најмалку 40 отсто од запишаните избирачи. Тоа е потребниот цензус.

Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка. Тоа значи дека претседателот на Собранието, во чија надлежност е распишувањето на изборите, треба да ја почне постапката со донесување одлука за распишување избори за претседател на Републиката.

Изборниот законик предвидува државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, односно дијаспората како што популарно се нарекува, да гласаат на изборите за шеф на државата.

Изборната кампања на кандидатите за претседател на Македонија почнува 20 дена пред денот на изборите, а и во првиот и во вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на самиот ден на изборите.

Изборот за претседател на Републиката, како што предвидува Уставот, се врши во последните 60 дена од мандатот на претходниот претседател. Во случај на престанок на мандатот на претседателот на Републиката од кои и да е причини, изборот за нов претседател се врши во рок од 40 дена од денот на престанокот на мандатот.

Пред преземањето на должноста, претседателот на Републиката дава свечена изјава пред Собранието, со која се обврзува на почитување на Уставот и законите.

Во случај на смрт, оставка, трајна спреченост да ја врши функцијата или престанок на мандатот по сила на Уставот, до изборот на нов претседател на Републиката, функцијата претседател на Републиката ја врши претседателот на Собранието.

Настапувањето на условите за престанок на функцијата претседател на Републиката го утврдува Уставниот суд на Република Македонија по службена должност.

Во случај на спреченост да ја врши функцијата, претседателот на Републиката го заменува претседателот на Собранието.

Кога претседателот на Собранието ја врши функцијата претседател на Републиката, тој учествува во работата на Собранието без право на одлучување.

Права и должности на шефот на државата

Според утврдените права и должности со Уставот и законите на Македонија, претседателот го определува мандаторот за состав на Владата, ги поставува и ги отповикува со указ амбасадорите и пратениците на Македонија во странство, ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници, склучува меѓународни договори во име на Републиката, доделува одликувања и признанија и дава помилувања.

Указот за прогласување на законите го потпишуваат претседателот на Републиката и претседателот на Собранието. Претседателот на Републиката може да одлучи да не го потпише указот за прогласување на законот, доколку смета дека не е во согласност со Уставот или е во спротивност со потврдените меѓународни договори, и да го врати на повторно разгледување во Собранието. Доколку притоа Собранието го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот. Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот, доколку според Уставот, законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Во рамки на надлежностите на претседателот на Републиката е и да предлага двајца судии на Уставниот суд , двајца членови на Судскиот совет , а предлага и двајца членови на Советот за радиодифузија. Претседателот го предлага и гувернерот на Народна банка, кој потоа го именува Собранието.

Претседателот на државата е врховен командант на вооружените сили на Републиката, го поставува и го разрешува началникот на Генералштабот на АРМ, поставува и разрешува генерали. Тој е и претседател на Советот за безбедност и именува тројца од членовите на Советот. Претседателот, исто така, го именува и го разрешува директорот на Агенцијата за разузнавање.

Титулата национален уметник ја доделува претседателот на Македонија, врз основа на предлог од министерот за култура, а по претходно мислење на комисија.

Одредбите што се однесуваат на претседателот на Македонија се сместени во Уставот (III дел – глава 2 и во други делови и глави) Преглед на должностите и овластувањата на Претседателот на Република Македонија според Уставот и законите, како и во определени закони.

Постапка за утврдување одговорност на претседателот на Републиката поведува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За одговорноста на претседателот одлучува Уставниот суд со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број судии.

Ако Уставниот суд утврди одговорност на претседателот на Републиката, функцијата му престанува по сила на Уставот.

Објавена причината за смртта контроверзниот О.Џ. Симпсон

Објавена причината за смртта на поранешниот американски фудбалер и актер: Симпсон имал рак на простата.

Објавена е официјалната причина за смртта на контроверзниот џетсетер О.Џ. Симпсон .

Според TMZ, поранешниот американски фудбалер, кој во 1995 година беше ослободен од обвинението за убиство на сопругата и нејзината пријателка во случај кој предизвика голем интерес кај американската јавност, починал од рак на простата.

Тој прво откри дека се бори со ракот, иако не прецизираше со кој, во мај 2023 година, но посочи дека ја победил болеста. Сепак, тој изгледаше многу изнемоштено на неговите последни јавни појавувања, дури и одеше со бастун во јануари 2024 година.

О.Џ. Симпсон почина на 10 април на 76-годишна возраст.

Поранешниот фудбалер и актер избегна да замине во затвор откако беше прогласен за невин за смртта на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Роналд Голдман, кои наводно ги избодел со нож во 1994 година во Лос Анџелес.

Симпсон подоцна одлежа девет години во затвор во Невада, откако во 2008 година беше осуден за 12 точки од обвинението за вооружен грабеж и киднапирање на двајца дилери на спортски сувенири под закана со пиштол во хотел во Лас Вегас.

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Во 15-годишната истрага за практиката на давање седативи на луѓе за време на апсења во САД, и поддржана од експерти за спроведување на законот, покажа дека стратегијата, наменета за намалување на насилството и спасување животи, доведе до многу смртни случаи кои можеле да се избегнат.

Најмалку 94 луѓе умреле од 2012 до 2021 година, откако полицијата им давала седативи обидувајќи се да ги задржи, а околу половина од жртвите биле црнци, според наодите на АП во соработка со Фронтлајн ПБС и Хауард Центарот за истражувачко новинарство, јавија американските медиоуми.

Главната причина за толку многу црни жртви е спорната наводна медицинска состојба наречена „возбуден делириум“. Критичарите велат дека нејзините наводни симптоми, кои вклучуваат „натчовечка сила“ и висока толеранција на болка, се во овнова во расистичките стереотипи за црнците и водат до пристрасни одлуки за тоа кому треба да му се даде седатив.

Беше невозможно да се одреди улогата на седативи во секоја од 94-те смртни случаи бидејќи многу од случаите вклучуваа употреба на потенцијално опасна сила врз луѓе кои биле дрогирани или пијани и затоа што истрагата обично се фокусирала на дејствијата на полицајците, а не на медицинските лица кои им помагаат.

АП пронашла докази за луѓе кои биле насилно држени на стомак од полицијата, многумина со лисици на рацете додека полицајци седеле на нивните грбови, а кои се мачеле да дишат и се обидувале да се ослободат. Повикувајќи на отпор при апсење, болничарите им давале седативи, што дополнително го забавувало нивното дишење.

Срцевиот и респираторниот застој често се случувале во рок од неколку минути.

Најмладите од Дебарско и Река со каланда го возвестија Лазаревото воскресение

 Света Бигорска обител денеска беше израдувана од прекрасното пеење на Лазаревата каланда „Кажи Лазаре“, којашто одекнуваше од устите на најмладите дечиња од реканскиот и дебарскиот регион.

-Овие прекрасни млади души, на чиишто лица сјаеше празничната радост, со чистина во срцата ни го најавија претстојното Пасхално торжество и преку каланда ни проговорија за Лазаревото Воскресение, кое е вовед во светлото и славно Христово Воскресение, рече сестра Ефимија.

Додаде дека дечињата, во придружба на своите родители, најпрво со воодушевување ги пееја каландите во манастирскиот двор, од каде што потоа се упатија кон работната игуменска одаја на нашиот старец епископ г. Партениј, за и нему да му ја пренесат сеопштата радост од Господовото воскреснување на четиридневниот Лазар.

-Таму тие беа срдечно и радосно пречекани од татковското срце и прегратка на дедото, а потоа и дарувани со традиционалните колачи Лазаринки, со велигденски ламбади и со други подароци, посочи сестра Ефимија.

притисни ентер